Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски му ја нуди на Мицкоски и премиерската позиција за ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени

0
By Соња Крамарска on June 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од минатонеделната средба Ковачевски-Мицкоски. Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ја преземе и премиерската позиција во преодната Влада само за да се реализираат уставните измени, брифираа денеска владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка Влада, треба да биде Албанец.  Претходно и ДУИ во серија изјави во јавноста и понуди на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ премиерот да биде од нивните редови.

Изворите додаваат дека Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграции, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, кој потоа би го спровел процесот докрај.

Постојат концепциски и процедурални разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но на лидерската средба немало разговор за содржината на истите, туку за роковите кога да се спроведат.

За Ковачевски,како што беше речено денес на брифингот, битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија. За премеирот се што е надвор од преговарачката рамка не може да се одлучува на лидерска средба, туку за тоа е потребен консензус на сите 27 земји-членки на Унијата.

Еден од условите, кои ВМРО-ДПМНЕ го постави на минатонеделната лидерска средба е одложено дејство на уставните измени, меѓутоа во преговарачката рамка е наведено дека тие треба да се спроведат по завршувањето на скрининг процесот и се услов за одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите. Во тој контекст Ковачевски, како што нагласуваат владини извори, смета дека треба да се искористи и наклонетоста на земите од ЕУ, имајќи ја предвид руската агресија врз Украина, за приклучување на Западен Балкан и проширување на ЕУ, што е заложба на високите официјални претставници на Унијата.

Процедурата за уставни измени е веќе почната и во моментов предлгогот е во Министерството за правда, а оттаму треба да биде доставен до Собранието. За уставни измени, ако се почне во овој момент се потребни минумум три и пол месеци, а како што брифираат владини извори очекувањата се дека процесот ќе трае неколку месеци, со оглед на тежината на одлуките и собраниските процедури кои се потребни, за истите да бидат изгласани.

Владини извори брифираат и дека целта на навремено спроведување на уставните измени, согласно преговарачката рамка е забрзување на процесот на преговори, од старт затворање на две поглавја, забрзување на евроинтеграцијата, а тоа пак овозможува поврзување со европските пазари, економски раст, повеќе инвестиции, извоз, нови работни места.

Задутре, како што најавуваат владини извори, две држави, една членка од ЕУ и една надвор од ЕУ ќе усвојат резолуции за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ и за потврда на македонскиот јазик и идентитет. Една од државите, како што веќе објавија медумите е Германија, а втората се очекува да биде САД.

За Владата суштински е да продолжи дијалогот со опозицијата за обединување во однос на уставните измени. Владата ќе почека неколку дена ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претставници во работната група, иако засега нема расположение опозициската партија да учествува во работната група. Истите извори порачуваат дека секој пратеник не само што е припадник на партијата, туку е пред се претставник на народот, кој тежи повеќе од девет илјади гласови, па поради тоа секој поединечно треба да размисли за иднината на државата.

С.К.

брифинг владини извори ВМРО-ДПМНЕ премиерска функција уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.