„Јас сум оптимист за изборите, бидејќи на крај на изборите се судруваат концепти.
Ние ќе имаме два јасно диференцирани концепта. Едниот е за европска
интеграција, другиот е за изолација“ рече премиерот Димитар Ковачевски во
утринската програма на Слободен печат.
Тој додаде дека владејчаката коалиција нуди решенија и план за државата како до
2030 година да стане членка на ЕУ, додека од друга страна нема ни план, ни
концепт, ни алтернатива.
„Интеграцијата во ЕУ е процес без алтернатива, се друго е политички авантуризам
политичко коцкање кое го гледавме 11 години и од кое никој не виде бенефит“ рече
Ковачевски.