Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски на средба со ЕУ амбасадори: Европерспективата на Северна Македонија е реалност, предвремени избори не се опција

0
By Ана Василевска on February 9, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Премиерот Димитар Ковачевски на средба со евроамбасадорите
Премиерот Димитар Ковачевски на средба со евроамбасадорите
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Европската перспектива на Република Северна Македонија е реалност и земјата може да смета на поддршката од европските партнери за натамошните исчекори во евроинтеграцискиот процес, заклучено е на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир и со амбасадори на земји членки на ЕУ во Скопје.

Станува збор за редовен годишен состанок со резидентни амбасадори, на којшто, заедно со премиерот Ковачевски, денеска присуствуваа и Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата, Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања и Бујар Османи, министер за надворешни работи, соопшти владината прес-служба.
На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со текот на евроинтеграцискиот процес на земјава, како и за предизвиците во глобален контекст, предизвикани од војната во Украина на економски и безбедносен план.
Најавена е натамошна поддршка и во делот на реформите, бидејки, како што е оценето, евроинтеграциите се опцијата за иднината и квалитетот на живот на граѓаните во Северна Македонија. Соопштено е дека се почитува лидерството во напредокот на државата и во храбрите и мудри одлуки што се носат во таа насока и дека се вреднуваат постигнувањата на рефомски план.

Премиерот Ковачевски и владините претставници изразила благодарност за значајната поддршка на европските партнери во сите важни процеси за демократијата во земјава, при напредокот на Северна Македонија и отворањето на преговорите, во придвижувањето на процесот напред, како и за финансиската поддршка во напорите за надминување на предизвиците во глобалната, економско-енергетска криза.

„Отворени сме како Влада да ги зајакнеме капацитетите на Владата и да го зголемиме парламентарното мнозинство. Наши стратеши партнери се ЕУ и САД и ќе продолжиме да ја развиваме државата во таа насока, којашто носи сигурност и квалитетен живот на граѓаните, со фокус и кон сите реформи и во делот на владеењето на правото. Ние сме граѓанска држава, успешен пример на функционална, мултиетничка демократија, држава на рамноправни граѓани, со еднакви права и обврски и во тоа е нашата големина и вредност. Ќе продолжиме по патот напред, при тоа, со категорична заштита на идентитетските одредници и на достоинството на граѓаните,“ истакнал премиерот Ковачевски.
На состанокот е соопштено дека предвремени избори не се опција, бидејки тие не се поврзани со можноста за напредок на државата, туку за политички агенди што не се во интерес на граѓаните.

„Избрани сме да водиме, Република Сверена Македонија го заслужува членството во Европската Унија, тоа е иднината на државата и ќе продолжиме да ја развиваме по европскиот пат“, кажал вицепремиерот Груби.

Во дискусијата, од страна на владините претставници е оценето дека се реалност заканите од растечки национализам за лични и туѓи интереси во државите од Западен Балкан, поради што е неопходно да продолжи проширувањето на Европската Унија.

На состанокот е потенциран позитивниот тек на скрининг процесот, со очекување дека фокусот при вреднувањето останува на примената на европските стандарди и европските вредности.
Дејвид Гир Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.