Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски на средба со Јан Коп: Нашата стратешка цел е членството во ЕУ, друга алтернатива нема

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Важна ни е вашата поддршка околу процесот за почеток на преговори со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, само на тој начин во државата ќе се врати довербата во ЕУ која во овој период е разнишана, му порача денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп.
Ковачевски денеска заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ се сретна со амбасадор Јан Коп, соопшти СДСМ.
Лидерот на СДСМ, кој го доби и мандатот за состав на нова Влада, нагласи дека нашата стратешка цел е членство во ЕУ и за тоа нема алтернатива.
На средбата се разговарало за повеќе актуелни теми, при што фокус беше ставен на реформите и евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
Ковачевски се заблагодари за поддршката што Холандија ја дава во важните реформски процеси и за нејзините напори за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
– Од Холандија како и од останатите членки на ЕУ и наши партнери очекуваме силна и видлива поддршка за реформите во нашата држава. Во таа насока очекувам отворен пристап и постојан дијалог, што значи укажување од ваша страна во процесот на спроведување на реформите и ваши препораки, истакна Ковачевски.
Во однос на актуелните политички случувања Ковачевски посочи дека новата Влада предводена од СДСМ ќе се посвети економските политики, на справување со корупцијата, дигитализација и ефикасност на институциите.
Амбасадорот Јан Коп посочи дека Холандија и во иднина ќе продолжи да биде силен поддржувач на Република Северна Македонија, ќе продолжи да биде вклучена во процесот на реформи и евроинтегративниот процес, со цел државата што поскоро започне преговори со ЕУ.
амбасадор Димитар Ковачевски Јан Коп СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.