Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Наскоро ќе бидат познати имињата на експертите од академската фела што ќе работат на уставните измени

0
By Ана Василевска on April 13, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека наскоро Министерството за правда ќе ги објави и имињата на експертите од академската фела од работната група за уставни измени.

„Во однос на комисијата таа веќе е во процес на формирање во Министерството за правда, кое ги објави експертите од политичките партии. Во текот на наредниот период тие ќе ги објават и експертите кои што доаѓаат од академската фела доминатно и од стручната, односно оние кои се занимавале со уставната проблематика во пракса и откако тоа ќе го направи Министерството за правда тогаш ќе започне пратичната работа на комисијата која треба да ги изработи амандманите и коишто потоа ќе бидат доставени до Владата и ќе влезат во собраниска процедура“, рече Ковачевски на прес-конференција.

Во однос на барањето на Македонците – муслимани да влезат во Уставот, премиерот Ковачевски рече дека тоа ќе биде исто така работа на комисијата, бидејќи не се работи само за едно барање туку се работи за повеќе барања.

Во однос на противењето на опозицијата за уставни измени, премиерот рече дека опозицијата беше против членството во НАТО, па ние сме членка на НАТО, беше против договорот со Фронтекс, беше против отпочнување на преговорите со ЕУ, а ние ги отпочнавме преговорите.

„Тие беа против преговарачката рамка, Собранието донесе заклучоци согласно преговарачката рамка така што останува на пратениците, а имаат демократски капацитет и визија да обезбедат европска иднина за граѓаните, бидејќи овде се работи за одлука за обезбедување на непречен процес за преговори со ЕУ и отворање на кластерите и доаѓање до следни одлуки за кои повторно е потребно двотретинско мнозинство се до финалното пристапување во Европската Унија“, рече Ковачевски.

Хонорарите на експертите, како што кажа, треба да ги определи Министерството за правда.

Димитар Ковачевски Министерство за правда Работна група за уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.