Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова инвестиција од 20 милиони евра на турската компанија „Текнопанел“, нови вработувања во услови на енергетска криза

0
By Соња Крамарска on November 18, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски денеска говореше на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“ во ТИРЗ Скопје 1. Станува збор за високотехнолошката компанија која ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет за производство на иновативни т.н. „сендвич“ покривни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар, и особено се користат за покривни површини на индустриски згради. Производството ќе започне од следната година, а ќе се отворат 120 нови работни места, со просечна нето плата за вработените од околу 600 евра. Согласно инвестицискиот план, платите континуирано се очекува да растат.

Во своето обраќање Ковачевски изрази задоволство што во услови на најголемата светска енергетска криза се случуваат инвестиции и нови вработувања.

„Текнопанел одбраа да ја донесат својата инвестиција токму тука и ова секако не е случајно. Ние како Влада обезбедуваме можности и предности за инвестирање во Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Тој потенцираше дека инвестициите доаѓаат затоа што сме земја членка на НАТО, со почнати преговори за членство во ЕУ, и стабилен партнер.
„Поддршката која ја добиваат компаниите од државата во смисла креирање поволни услови за работа, исто така е важен предуслов за растот на инвестиции. И секако, ние тука имаме квалитетни, трудољубиви работници и затоа наш клучен услов се одржливи и добро платени работни места за нашите граѓани“, порача тој.

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, рече дека од еден скромен и отворен разговор во Истанбул со сопственикот на „Текнопанел“, Орхан Кахвеџи денес стигнавме до реална инвестиција од 20 милиони евра и 120 нови работни места со плати над државниот просек.

„Ова е последна од инвестициите кои ги презентиравме периодов и кои веќе надминуваат 620 милиони евра. Истите предвидуваат отворање на 5.000 добро платени работни места за наши сограѓани“, нагласи Деспотовски.

Орхан Кахвеџи, сопственик на компанијата „Текнопанел“ рече дека оваа нова инвестиција е петти производствен капацитет, а воедно и првата фабрика за производство надвор од Турција.

„Новата инвестиција ќе даде додадена вредност на економијата во Северна Македонија. Како прво, ова е центарот на Европа, од каде ќе се извезува производството. Со помош на соработка со компаниите од регионот, квалификувани луѓе, верувам дека ова ќе биде уште една наша успешна приказна. Поддршката и стимулациите на Владата, за нас се исто така многу вредни“, рече Кахвеџи.

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16 отсто за една година. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места. Во моментов ТИРЗ има помеѓу 30-35 активни клиенти. Во фаза на изградба се пет фабрики коишто имаат потпишано договор. Со новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции само во изминатите 18 месеци се постигнати договори од 620 милиони евра што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години.

Димитар Ковачевски Текнопанел ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.