Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани

0
By Ана Василевска on May 17, 2023 НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува  пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик.

„Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа“, посочи Ковачевски.

Северна Македонија и Албанија, како што посочи македонскиот премиер, заслужуваат да продолжат напред и заедно затоа што кога соседите се движат напред и останатите се движат напред.

„Не смееме да дозволиме влијание од трети страни особено не од Русија и во срцето на Балканот, што е срцето на Европа“, додаде Ковачевски.

Тој посочи дека Северна Македонија целосно ја поддржува декларацијата на Самитот и сите анекси и верува дека тие обезбедуваат солидна агенда за решавање на проблемите.

„Со нашите партнерски организации особено ЕУ, особено решавањето на грижите и проблемите што ги споделуваме. Како претседавач со ОБСЕ и членка на НАТО ќе продолжиме да ја покажуваме нашата цврста посветеност на мултилатерализмот и нашата посветеност особено кон Украина, како што правевме и досега“, кажа Ковачевски.

Премиерот порача дека се собрале во Рејкјавик за да покажат единство, солидарност и посветеност на заедничките вредности во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото соочени со невидената агресија против земја членка Украина.

„Руската агресија против Украина е очигледно кршење на меѓународното право како и еден остар потсетник за последиците од целосното непочитување на поредокот. Се уште сме убедени дека мултилатеразмот со сите негови грешки е начин да се мобилизира колективен одговор на воените кризи и предизвиците од различна природа.  Тие само сакаат да ја изберат својата иднина меѓу сојзуниците. Ние го направивме истото кога ја покажавме нашата солидарност и ја избркавме Русија од Советот на Европа. Се уште сме обединети во барањето на одговорност за извршените злодела. Почнавме да размислуваме и за тоа што правиме добро во Стразбур и каде можеме да се подобриме. А правиме многу добра, започнувајќи како мировен проект во 1949 година Советот се разви во светилник на надеж за милиони европејци преку европската конвеција за човекови права“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање.

Посочи дека нормите и стандардите придонесоа за подобрување на животот на нашите граѓани, а денес повеќе од кога било е важно Европа да остане обединета и Европа нема да биде обединета целосна и слободна и мирна без Балканот целосно интегриран во европското семејство.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност на исландското претседателство за неуморните напори за успех на Самитот и му посака на претстојното летонско претседателство иста издржливост и посветеност.

Бугарија Димитар Ковачевски Самит на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.