НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски од Економскиот форум: Северна Македонија, Србија и Албанија функционираат како мини ЕУ

0
By Соња Крамарска on March 1, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешниот Економски форум во Скопје
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Со официјално обраќање, премиерот Димитар Ковачевски го отвори вториот Економски форум во Скопје, во организација на Делфи Економски Форум и Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија.

На Форумот присуствуваа влијателни личности од земјава и регионот, претставници на политичкиот и економскиот живот, меѓу кои, претставникот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и претставници од бизнис секторот.

За време на Форумот се одржуваат серија панели, на кои ќе се зборува за руската агресија врз Украина, пристапот на Балканот во ЕУ, енергетската перспектива во регионот, инвестициите во инфраструктурата, улогата на жените во обезбедувањето одржливост, странските инвестиции во Северна Македонија и регионот, како и за стратегиите за економски развој и дигитална трансформација.

Ковачевски притоа изрази сочувство по повод трагичната железничка несреќа во Грција. „Најпрво сакам да изразам сочувство до премиерот Мицотакис, до грчкиот народ, до семејствата на загинатите за трагичната несреќа што се случи вчера во Грција и да им посакам брзо заздравување на преживеаните во овој трагичен настан“, рече тој.

Зборувајќи за амбиентот во кој се одржува Форумот, тој ја спомена војната во Украина за која рече дека целосно ја измести гео-политичката сцена.

„Горд сум што можам да ги пренесам заклучоците од неодамна одржаната Минхенска безбедносна конференција, каде Северна Македонија е препознаена како фактор на стабилност на Балканот“, порача тој.

„На Економскиот форум гледам како на продолжение, односно надополнување на заедничките регионални иницијативи, меѓу кои и Отворен Балкан, каде преку различни проекти, го олеснуваме и подобруваме животот на граѓаните. Северна Македонија е земја членка на НАТО, земја која ги отпочна преговорите со ЕУ, земја учесничка во Берлинскиот процес и земја, која од оваа година, го презеде претседавањето со ОБСЕ. Ние сме земја која отворените прашања на билатерално, регионално или меѓународно ниво ги решаваме по дипломатски пат, а не насилно“, истакна македонскиот премиер.

„Нашата држава, заедно со Србија и Албанија веќе функционира како Европска Унија во мало. Неодамна Собранието на Република Северна Македонија ги ратификуваше законските решенија кои произлегоа од иницијативата Отворен Балкан. Со тоа, нема веќе граници меѓу овие три земји. Отворен Балкан е реалност за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија, кои ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Со тоа се либерализира регионалниот пазар на трудот“, рече тој во обраќањето.

Осврнувајќи се на економијата Ковачевски посочи дека во минатата, 2022 година, една од најкризните години во Европа, ние имаме рекордна бројка на странски директни инвестиции – 430 милиони евра во технолошко-индустриските развојни зони при што се отворени нови 2.300 работни места, со плати повисоки од државниот просек.

„Стратешка определба на Владата е подобрување на диверзификацијата во снабдувањето со природен гас, за што во јуни годинава се очекува да почне реализацијата на интерконекцијата кон Република Грција, чијашто изградба се очекува да заврши во 2025 година. Останатите две интер-конекции, со Србија и со Косово, се во фаза на изработка на проектна документација“, дополни Ковачевски.

За економската соработка со Грција, премиерот информираше дека грчката компанија „Митилинеос“ во Скопје поднела документација да гради гасна централа од која ќе се произведува електрична енергија вредна 211 милиони евра, а Владата ја одобрила инвестиција како стратешка.

„Сакам да напоменам и дека грчката државна компанија „ППС“, достави понуда во процедурата за изградба на нашиот најзначаен енергетски капацитет ХЕЦ Чебрен, која во моментот се евалуира. Во ХЕЦ Чебрен ќе се произведува електрична енергија од најмалку 333 мегавати“, додаде тој.

Делфи економскиот форум Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.