Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: „Отворен Балкан“ значи економски стабилен и развиен регион

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на СДСМ и заменик министер за финансии Димитар Ковачевски денеска учествуваше на седмиот состанок на Иницијативата „Отворен Балкан“ кој се одржа во Тирана, Република Албанија.
На состанокот беа потпишани важни Договори со кои граѓаните и компаниите на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Како заменик министер за економија, претседателот Ковачевски е дел од потписниците на овие договори.
– Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот. Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан. „Опен Балкан“ значи економски стабилен и развиен регион, е ставот на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Откако договорите ќе бидат ратификувани во парламентите на државите, граѓаните се стекнуваат со можност слободно да се движат и да работат во секоја од нив.  На граѓаните од трите држави во регионот им се овозможува непречен пристап на пазарот на трудот во секоја од трите земји и целосен пристап до електронските услуги.
Со овие олеснувања се очекуваат значајни економски придобивки, економиите се поврзуваат, се олеснува работата на компаниите а се прават и крупни чекори кон европеизација на регионот. Се применуваат европски практики, по принципот на пазарите на ЕУ, се хармонизираат регулативите во интерес на бизнис заедницата и граѓаните.
Денеска, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ се потпишуваат повеќе мултилатерални и билатерални договори: Договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договор за интерконекција за електронска идентификација на граѓаните, Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика, Договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност.
„Опен Балкан“ Димитар Ковачевски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.