Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски по смртта на Благојче, со порака до Сали: Дали после ова можеш да бидеш министер?!

0
By Соња Крамарска on February 9, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јас денеска сум станат веројатно најрано откако сум вработен во изминатите 23 години зашто што денес за мене е тажен ден не само за семејството на Благојче туку и за целата земја, изјави премиерот, Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање зошто државата дозволи Благојче Илиевски да почине од цистична фиброза чекајќи го лекот „трикафта“.

Ковачевски се согласи дека можело да се направи повеќе да се продолжи животот на Илиевски, но не било направено поради, како што истакна, комплицираната и неверојатна бирократија поради кои нашата земја пати 30 години.

„Можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. Иако од информациите што ги имав од разговорите со директорите на соодветните клинки – врвни експерти дознав дека има пациенти во тешка состојба на кои можеби лекот ‘трикафта’ нема целосно да им помогне секако тоа нема никако да го тргне чувството на тага и гнев дека имало и најмала шанса да направиме нешто за Благојче. Зошто не направивме, зошто се одолжи сè откако ветивме, откако правните и експертските тимови седнаа заедно да најдат решение. Тоа е поради истите причини поради кои нашата земја страда 30 години – комплицираната и неверојатна бирократија. Бирократија која стравотно размислува зошто нешто не може да се направи, бирократија која речиси никогаш не размислува зашто нешто треба да се направи, бирократија која нема ништо против да почека луѓето да страдаат. Но, бирократијата не се луѓе од друга планета, бирократија сме сите ние и редно време е да се соочиме со тоа. Така функционира нашата држава, поточно, така не функционира нашата држава“, рече Ковачевски, што предизвика револт кај новинарите, кои реагираа зошто премиерот ја префрла вината врз сите, на што тој одговори дека не  употребил второ лице множина „вие“, туку рекол „ние“.

Тој посочи дека првите со кои разговарал утрово биле министерот за здравство, Беким Сали, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Магдалена Филиповска-Грашкоска  и со министерот за финансии, Фатмир Бесими.

На министерот за здравство, како што посочи, премиерот му кажал дека за него ситуацијата со пациентите со цистична фиброза, особено со смртта на Благојче Илиевски е неприфатлива и побарал од него да каже дали може да го продолжи својот мандат.

„Тоа беа нивните први денешни разговори што ги имаа. Ги замолив, посебно министерот за здравство да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Јас мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам после тоа“, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека повеќе нема да чека на бирократските лавиринти за да преземе нешто и соопшти дека го задолжил Фондот за здравство веднаш да се одвојат средства за набавка на терапијата за критичните пациенти согласно барањата на детската клиника.

„Очекувам лекот да биде обезбеден исклучително брзо, МАЛМЕД брзо да го регистрира, а Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите документи за интервентен увоз, бидејќи лекот го произведува еден производител. Не може да се чека на бесконечни тендери кога се работи за лек што го произведува еден производите. Јас лично сум бил изложен два пати во животот за блиски членови на семејството на истата таа бирократија и само благодарение на стручноста на лекарите што ги имаме сите сме на број дома. И заради таа бирократија сум морал да одам во Швајцарија да купам лек“, рече Ковачевски, притоа потенцирајќи дека нема никаква намера да прави пи-ар од целата ситуација.

Ковачевски најави дека денеска ќе има состанок со пациентите од Асоцијацијата за цистична фиброза чии членови ќе бидат известени за мерките што се преземаат за обезбедување на неопходната терапија.

„Надлежните денеска ќе седнат и нема да станат додека не се сменат законите за набавка на лекови од производител што има патент, а не да се прават профити од маржи. Смртта е нешто што е неизбежно и тоа е надвор од наша контрола, но јас верувам дека државата мора да преземе поголема одговорност и да го спречи непотребното страдање на било кој во државата. Јас сакам да живеам во таква Македонија. Затоа утрово станав многу рано ги разбудив сите одговорни и затоа се носат одлуките за набавка на овој лек“, рече Ковачевски, повторно нагласувајќи дека „од оваа работа“ не прави пи-ар, бидејќи и самиот поминал низ тешка борба со бирократскиот систем.

 

Благојче Илиевски Димитар Ковачевски лекот „Трикафта“ цистична фиброза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.