Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Предлог-буџетот на Министерството за култура за 2023 е 61,6 милиони евра, ќе се основаат три нови национални установи

0
By Ана Василевска on December 23, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупниот Предлог-буџет на Министерството за култура за следната година изнесува 61,6 милиони евра, при што фокусот е ставен кон две цели – грижа за постоечкото културно историско наследство и отворање перспективи за развојот на културата. Исто така, следната година ќе бидат основани три нови национални установи, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој на денешната прес-конференција во Владата посочи дека со владина одлука во 2023 година ќе бидат основани три нови национални установи – Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес во Смилево, Камерен оркестар на Битола и Музички театар во Тетово.

„Оваа Влада се води од определбата дека какви и да се предизвиците и каква и да е годината во смисла на економски и енергетски предизвици со кои се соочуваме поради светската криза, културата останува наш приоритет. Обезбедивме континуитет на реализација на програмите и на проектите во културните установи, на платите на вработените во културата, на заштитата на културно историско наследство“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во текот на наредната година ќе се реконструираат сите споменици и спомен обележја од Народноослободителната борба (НОБ) на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани кои се случиле во текот на НОБ.

Во делот на грижата за постоечкото културно-историско наследство, односно за реконструкција на сите споменици и спомен обележја од НОБ, премиерот рече дека Владата обезбеди пари од буџетот на Северна Македонија, иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележја, за подигањето, чувањето, одржувањето и заштитата на спомен обележја се надлежни општините, односно Град Скопје.

„На последната седница го задолживме Министерството за култура со рокови да склучи договори и меморандуми за соработка со општините за санација на спомен обележјата и да достави информација до Владата во која ќе бидат утврдени потребните мерки и средства за оваа цел“, рече Ковачевски.

Како што најави тој, во 2023 година почнува целосна реконструкција и санација на Музејот на Северна Македонија, за што со Предлог-буџет се предвидени 813 илјади евра. Со Предлог–буџет се наменети 50 илјади евра за поддршка на младите во културата.

„Отвораме и нови национални установи во државата, со што овозможуваме значајни културни уметнички дела да се изведуваат и во други делови во државата освен во Скопје“, додаде премиерот.

Тој напомена дека во Предлог-буџетот за следната година се предвидени и капитални инвестиции во културата. Над 2,3 милиони евра се предвидени за продолжување на изградбата на Театарот и библиотеката во Тетово.

„Се работи за капитален објект со голем габарит, кој што значи обединување на културата во Полошкиот регион. Два милиони евра се предвидени за изградба на Турскиот театар и тоа ќе биде сосема нов објект. Продолжуваат инвестиции во Театарот во Струмица, за што се предвидени 500 илјади евра. Со Предлог-буџетот за културата ги зголемивме средствата за капитални дотации до единиците на локална самоуправа за 16 илјади евра на 325 илјади евра“, рече премиерот.

Како што додаде тој со поддршката не се изоставени и четирите културно-информативни центри на земјава во Софија, Тирана, Загреб и Истанбул и на Културниот центар во Њујорк, а предвидено е и отворањето на нови вакви центри.

„Сакам да знаат вработените во културата дека во целост се испланирани средствата за платите на културните работници, нешто што не било пракса и се обезбедувало со ребаланс. Сега средствата за платите се целосно предвидени со буџетот за следната година“, додаде Ковачевски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска потенцираше дека сите финансиски обврски за оваа 2022 година се реализирани и затворени.

„Според тоа, не префрлуваме никакви обврски од оваа, на товар на буџетот за следната година. Нема заостанати обврски, значи во следната година влегуваме со буџет кој нема да плаќа стари сметки и тоа ни овозможува да ги реализираме и планот и програмата за следната година со предвидениот износ“, рече министерката на денешната прес-конференција.

Како што додаде таа, во буџетот за 2023 година се зголемени и средствата за комунални услуги за установите од областа на културата, како последица на зголемувањето на цената на енергенсите на светските берзи. Затоа, наместо 3,93 отсто, сега тој трошок е проектиран на 6,85 отсто од вкупниот буџет за културата.

„Исто така, зголемени се и блок-дотациите за општините поради зголемување на платите на вработените и на материјалните трошоци во локалните установи од областа на културата, од шест на 6,5 милиони евра. Зголемени се и капиталните дотации за општините од една на 20 милиони денари“, посочи Костадиновска Стојчевска.

За капитални расходи, напомена министерката, во Предлог-буџетот за културата за 2023-та, се предвидени 6,4 милиони евра. Сакам да ве информирам дека процентот на реализација на капиталните инвестиции за 2022 година до овој момент е високи 83 отсто со тенденција во преостанатите 10 дена да биде повисок.

Како ставки, посочи таа, остануваат и Програмата за „Културно наследство во опасност“ и поддршката на младите.

„Нашето внимание останува на заштитата на културното наследство. Се работи и ќе продолжи работата и на Скопскиот аквадукт и на црквата во Курбиново, но и на други културни сведоштва за нас. Затоа, не само од буџетот, фокусирани сме и на соработката и на поддршка од фондовите од меѓународни институции. Заштитата е скапа работа, а стручниот кадар е дефицитарен“, додаде министерката.

Буџет за култура капитални инвестиции министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.