Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Распределбата на ресорите во Владата се прават согласно принципите на парламентарната демократија

0
By Ана Василевска on October 19, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека сите министерски места се клучни во Владата, и нема позначајно и по незаначајно министерство,  одговарајќи на прашањето дека партијата ДУИ на претходните избори имала 15 пратенички мандати, а во Владата држат клучни ресори, како што се финансии, надворешни работи, имаат прв вицепремиер, с 100 дена ќе имаат и премиер пред Парламаентарните избори, наспроти СДСМ кои имаат 46 пратенички мандати.

Ковачевски смета дека земјава има изградено систем на парламентарна демократија и општество на соживот каде секој граѓанин согласно со неговите професионални квалитети и квалификации може да ја гради својата лична и професионална кариера.

– Значи, јас секогаш мојот одговор го адресирам кон прашањето. Вие кога ќе ги погледнете бројките на министри во Собранието и кога ќе видите која партија колку ресори има, тогаш распределбата на ресорите е направена согласно принципите на парламентарната демократија, вели Ковачевски.

Претседателот на Владата се согласува дека ресорот финансии е секогаш многу значаен и затоа како што вели имаме професор по финансии кој бил и вицегувернер, кој завршил докторат во Англија, без да се навлегува во неговата национална припадност.

-Така што, водена е сметка да за тоа функцијата да ја обавува човек кој ги исполнува тие критериуми и кој во оваа криза се покажа дека знае како треба да ја води фискалната политика и да ја усогласува монетарната политика. Потоа, вие кажувате дека имало и други значајни министерства. Точно е, и Министерството за економија е значајно министерство. Не би рекол дека во време додека – ако нема криза дека тоа министерство толку би било изложено на јавноста и би имало толку многу предизвици како што имаше Министерството за економија во мандатот на министерот Бектеши. Да не заборавиме во услови на прогласена енергетска криза тогаш целиот процес го води Министерството за економија. Ние првпат сме имале прогласено енергетска криза во текот на мандатот на оваа влада. Потоа, намалувањето на инфлацијата оди преку мерки кои ги предлага Министерството за економија, а правилниците што ги зборувавме за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија кое што се покажа дека е лидерско на Балканот исто така се во надлежност на Министерството за економија, рече Ковачевски.

Забележа дека според својата суштина на работата Државниот пазарен инспекторат  го води човек кој се покажа дека знае како треба и како да се води инспекторат, без да се навлегува во неговата национална припадност. Во овој контекст ја спомна и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска која работеше на долги и тешки преговори со Сојузот на здруженија на пензионери и со Сојузот на синдикатите на Македонија.

-Да имаме историски највисока минимална плата преку тешки и долги преговори со Сојузот на синдикати на Македонија, да имаме највисока историски просечна плата во државата и да имаме потпишано колективен договор со ССМ после цели 15 години. Јас можам да редам и други ресори колку се значајни, колку беа значајни во време на пандемијата. Во време на пандемијата прво се справуваше еден министер исклучително успешно што би рекле вие не навлегувајќи во неговата национална или која било друга припадност, меѓутоа после тоа продолжија други два министри во чија што исто така што би рекле вие национална и верска припадност не би навлегува. И се сложувам со вас дека не треба да се навлегува. И затоа сметам дека оваа Влада покажа исклучително високо ниво на посветеност, членовите на Владата. Јас за тоа сум им благодарен, додаде Ковачевски.

Тој потенцира дека никогаш себеси не се става на прво место, кога ги прави  своите обраќања, туку секогаш тоа го прави со должна почит кон министрите.

– Значи, никогаш не велам јас направив нешто, не навлегувајќи ниту во мојата национална припадност што би рекле вие а со што јас би се сложил и затоа сметам дека министрите успешно работеа и се справија со сите големи предизвици какви што ниту една влада немала од аспект на енергетска, економска и здравствена криза во државата, рече Ковачевски.

Димитар Ковачевски парламент Поделба на ресори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.