Среќен сум што самитот на „ОтворенБалкан“, резултираше со потпишани договори, кои се со конкретни позитивни придобивки за граѓаните од регионот, напиша премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.
„Голема благодарност до сите кои вчера и денеска беа дел од самитот на Отворен Балкан. Особена благодарност до моите колеги претседателот на Србија, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама, за целосната посветеност и ангажираност“, напиша Ковачевски.
Премиерот додаде дека вратите на Отворен Балкан остануваат отворени.