Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Северна Македонија е поволна дестинација за инвестиции

0
By Соња Крамарска on February 24, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Дел од амбиентот во фабриката
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, денеска, присуствуваше на отпочнувањето на изградбата на втората фабрика на германскиот фармацевтски гигант „Герејсхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона-2, Скопје. 
На настанот присуствуваа и Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, како и Ото Граф, привремен амбасадор на Германија.

Во новата фабрика на „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло, шприцеви за вакцини и фармацевтски продукти за потребите на светски фармацевтски реномирани компании.

Се работи за инвестиција од над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошко-индустриските развојни зони.
Планирано е отворање на над 180 нови работни места, со просечна плата далеку над државниот просек.

Ковачевски изврши обиколка при што му беше презентиран процесот на производство на медицинска пластика во погоните, проект кој германскиот концерн го почна во Северна Македонија пред четири години.

Првичната инвестиција од 25 милиони е веќе зголемена на над 60 милиони евра.

„Нашата цел е граѓаните да останат во земјава да работат во современи услови и да имаат подобар животен стандард“, рече тој. „Инвестициите на високо технолошки развиени компании се уште една потврда дека нашата држава е поволна за инвестирање, еднакво како и останатите земји од Европа и светот“, додаде.
Ковачевски рече и дека минатата, 2022 година, ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции, а годината ја завршивме со рекорден извоз од 3,7 милјарди евра. „Во октомври лани ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година“, дополни тој.
„Вкупно 16.400 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава“, рече Ковачевски.

Директорот на ТИРЗ, Деспотовски зборуваше за значењето на оваа најголема поединечна инвестиција. „Најголема инвестиција во историјата поединечно, во историјата на ТИРЗ, меѓутоа и најголема Гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата“, рече тој.

Потпретседателот на „Гересхајмер“, Оливер Бургел, истакна дека покрај доброто искуство во работењето, дополнителен поттик за проширување на инвестицијата е поддршката и условите што како инвеститор ги добиле од државата.

„Клучно за носењето на одлуката за проширување на инвестицијата во Северна Македонија беше доброто искуство коешто го имавме со нашата прва инвестиција, работните услови во земјата, состојбата со инфраструктурата, транспарентност на трошоците, расположливоста на квалификуван кадар и поддршка од надлежните“, рече германскиот претставник.

Тој додаде дека нивниот раст се должи на фокусот на „Гересхајмер“ за задоволување на вкусот на клиентите и извонредност во реализацијата, што е дел од нивната корпоративна стратегија иницирана од директорот Диетмар Симсен.
германска инвестиција Димитар Ковачевски ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.