Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Силвестри: Сметаме на поддршката на Италија на нашата интеграција во ЕУ

0
By Biljana on January 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ковачевски се заблагодарил на поддршката што Италија како партнер и сојузник ја дава кон Северна Македонија.

„Новата Влада предводена од СДСМ ќе се посвети на справување со последиците од енергетската криза, зајакнување на економскиот стандард и неселективна борба против корупција“, истакнал претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски на денешната средба со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри.

„Ова се важни прашања за нашите граѓани, но и за нашиот интегративен процес кон ЕУ, затоа што преку структурните реформи, европските вредности ги носиме дома. Италија е силен поддржувач на Северна Македонија во процесот на нашето приклучување на ЕУ и сметаме на ваша силна и видлива поддршка и во иднина, со цел нашата држава да ги започне преговорите за членство во ЕУ, затоа со сето она што досега го постигнавме, заслужуваме прва меѓувладина конференција и отворање на првите поглавја“ порача претседателот Ковачевски.

Ковачевски се заблагодарил на поддршката што Италија како партнер и сојузник ја дава кон Северна Македонија особено во делот на реформскиот процес и процесот на интеграција на нашата земја во ЕУ и најави дека новата влада предводена од СДСМ ќе се посвети на реформите важни за евроинтегративниот процес и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Амбасадорот Силвестри го поздравил напредокот во важните сектори што го постигна Северна Македонија во изминатите години, додавајќи дека Италија ќе продолжи да биде силен поддржувач и промотор на проширувањето на ЕУ и изрази уверување дека наскоро ќе се создадат услови Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата.

Андреа Силвестри Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.