Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Сите оние кои не пријавиле имот во ДКСК, треба да бидат санкционирани согласно законот

0
By Соња Крамарска on October 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секој функционер без разлика од која партија доаѓа, без разлика на која функција е поставен, и без разлика на кое ниво е во државната управа, има должност согласно со Законот за спречување на корупција да достави имотен лист за се она што поседува до Државната комисија за спречување на корупцијата, којашто потоа јавно го објавува. Сите оние што не го направиле тоа во законскиот рок, треба да бидат санкционирани, и за тоа никој никогаш не добил заштита, ниту од мене, ниту од кој било член на Владата, бидејќи се што е предвидено согласно со закон треба да биде изречено како санкција, рече денес премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на пратеничко прашање на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, „зошто ги штити функционерите кои имаат непријавен имот“ и дали тој самиот има непријавен имот.

„Се што јас поседувам го имам стекнато низ 22-годишна кариера во приватниот сектор. Се што сум работел можете да најдете во секоја биографија што е објавена и сето тоа е пријавено во ДКСК. Вие фабрикувавте една афера, која нема никаква основа, затоа што вашата политичка партија, вашиот претседател и вашиот градоначалник на Град Скопје, се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја извадивте пред граѓаните, во која себеси се обвинувавте кој какви тендери местел во „Водовод“ – Скопје и кој какви вработени вработувал, без ниту една друга политичка партија да ви се меша. Јас тогаш кажав и сега кажувам – врз основа на сите закони во државата, јас побарав од адвокати да постапат во согласност со сите законски одредби во тој дел и поднесено е барање до пратеникот кој јавно зборуваше по прес-конференции невистини да се извини, во спротивно постојат закони за тоа што го зборуваше, да го докаже на суд, а исто така на мое барање, до ДКСК е доставено се ова што тој го зборуваше, да се провери“, рече Ковачевски.

Според него, кога се зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да си погледне во сопствениот двор.

„Прашање ми поставува пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, чиешто седиште е синоним за криминал и за незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните. Со судска пресуда во случајот „Талир 2“ е докажано дека дворецот што вреди седум милиони евра, е незаконски криминално стекнат врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои што тогаш биле на власт краделе од граѓаните, правеле имот, се луксузирале и на незаконски начин изградиле објект, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и во долгови во време кога минимална плата беше 9000 денари, кога три пати беше помала социјалната помош и кога немаше никаков закон за стечајните работници“, рече Ковачевски.

Во моментов пратениците се на пауза, а седницата за пратенички прашања ќе продолжи во 15.30 часот.

Димитар Ковачевски непријавен имот пратенички прашања санкции од ДКСК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.