Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Со новата технологија на „АКИО Енерџи“ на земјиштето во Штип ќе може да се произведуваат земјоделски култури  

0
By Соња Крамарска on November 4, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Француската компанија „АКИО Енерџи“ во Штип којашто ќе ја гради фотоволтаичната централа во Штип инвестира во агро-волтаици што претставува можност за одгледување на земјоделски култури на тоа земјиште“, посочи премиерот Димитар Ковачевски, во вчерашната емисија „Разговор во редакција“ на истражувачката лабораторија ИРЛ.

„Се работи за земјиште кое од страна на Владата на Груевски беше откупено од земјоделци и пренаменето за изградба на карго аеродром. Тоа е истото тоа земјиште. Кога градите карго аеродром тоа значи 100 отсто бетон. Но, земјиштето кое е во тој дел од прва класа нема да биде опфатено со фотоволтаичната централа, туку тоа ќе биде вратено на земјоделците. Тоа земјиште е пренаменето и врз основа на меѓународната финансиска корпорација која е дел од Светска банка има направено анализа, кои сметаат дека доколку се прави градба на тоа земјиште со оглед на позиционираноста, наклонот на земјиштето, сончевата инсулација која ја има на тој регион на државата, најдобро е да се направи електрана за производство на електрична енергија. Врз основа на Законот за стратешки инвестиции, интерес пројави француски „АКИО Енерџи“. Се работи за реномирана светска корпорација којашто има над 1.400 мегавати инсталирани и веќе над 7.000 проекти кои ги работи. Дел од нив, 1.000 мегавати се во Грција коишто предвидуваат да се изгради фотоволтаична централа којашто ќе биде врз основа на нивно патентирано решение коешто се вика „АГРО – Волтаик“. Тоа значи дека во исто време врз основа на модулот којшто тие го имаат патентирано и системот за изработка да се постави централа во исто време да се произведува електрична енергија но и да се обавуваат одредени земјоделски култури на истото земјиште и тоа може да се провери кај нив на нивната веб страна“, рече  Ковачевски.

Тој додаде дека стручниот тим на Владата којшто го предводи вицепремиерот Битиќи е веќе во комуникација со менаџментот „АКИО Енерџи“
во однос на модалитетите на договорот кои ќе бидат преточени во законско решение за оваа стратешка инвестиција, што ќе биде доставено до пратениците на одобрување.

„Тие веќе разговараат и со дел од земјоделците во тој регион во однос на тоа какви култури може да се одгледуваат во концептот којшто тие го планираат и којшто планираат да го инсталираат во тој регион. Дополнително компанијата планира да направи договор со универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со оглед на тоа дека сакаат да обучуваат кадри кои ќе можат дополнително понатаму да го развиваат и агри волтаикот и земјоделските култури кои таму би се одгледувале како и целиот систем за негова надградба и одржување. Тоа е концептот кој се однесува на „АКИО Енерџи“. Се работи за едно ново решение кое една реномирана светска компанија го има понудено и која преговара со Владата за негова изградба. Инвестицијата е околу 350 милиони евра“, потенцираше Ковачевски.

 

АКИО Енерџи Димитар Ковачевски Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.