Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски во „Пекабеско“: Ова е резултатот што го даваат владините мерки

0
By Соња Крамарска on January 11, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посетија фабриката за производство на месни производи „Пекабеско“. Ковачевски притоа истакна дека вакви успешни компании ѝ требаат на нашата економија, а Владата се грижи во време на голема непредвидливост наметната од економската и енергетската криза, преку антикризните мерки на компаниите да им обезбеди да ги зачуваат своите бизниси, но и вработените.

„Фабриката ‘Пекабеско’ е пример за резултатот што го даваат владините мерки, компанијата користи субвенционирано снабдување на струја и поради тоа месните производи од декември лани се намалени за 8 отсто. Преку владина поддршка компанијата има инсталирано и соларни панели, со што  задоволува дел од потребите за струја за нивните производствени капацитети“, соопштија од Владата.

„На сопствениците, целиот менаџерски тим и на работниците, во ‘Пекабеско’ им честитам на мисијата за квалитет, која ја држат во живот цели 44 години и кои создадоа препознатлив вкус преку месните производи кои освен на домашниот пазар, се извезуваат и во Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, меѓутоа и во земјите од ЕУ“, рече Ковачевски при посетата на фабриката.
Зборувајќи за енергетската трансформација тој ја истакна важноста во ситуација на недостиг на енергенси. „Пекабеско е дел од таа енергетска трансформација. Со државна помош, преку Законот за поддршка на инвестиции, ова фабрика инвестира во нови технологии, во нови машини. Во моментов ‘Пекабеско’ претставува најсовремена фабрика за производство на месни производи во регионот, а притоа веќе има инсталирано и фотоволтаични централа од половина мегават, со планови за нејзино неколкукратно проширување“, посочи премиерот.
Р.Н.

 

 

 

„Пекабеско“ Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.