Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за 24 Анализа: Политичките партии да ги изгласаат законските решенија за поддршка на ранливите граѓани од ноември

0
By Соња Крамарска on October 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју на 24 Анализа, во однос на антикризните мерки од 350 милиони евра за заштита на животниот стандард рече дека субвенциите наменети за ранливите категории, согласно планираното е да се исплаќаат од ноември.

„Дел од мерките се однесуваат на исплата на еднократна, односно на неколку месечна финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, а тука пред сè мислам на 41.878 лица кои ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари односно четири месеци по 3.000 денари, потоа поддршката за пензионерите до 11.525 денари и до 14.000 денари. Денес на Влада донесовме одлука да се подготви Закон за финансиска поддршка на ранливите категории на граѓани во време на криза, тој закон ќе го поднесе Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика и ќе го достават до Собранието“, рече Ковачевски.

Тој порача политичките партии да бидат на висина на задачата и законските решенија да бидат изгласани.

„Намерата е од ноември да почне исплатата на финансиските средства за овие групи на граѓани. Значи имаме 41.000 од првата категорија и над 130.000 од категоријата на пензионери што значи дека се опфаќа навистина поширок опсег на граѓани. Јас се надевам дека политичките партии и сите пратеници ќе бидат на висина на својата задача и веднаш штом ќе бидат во текот на оваа недела доставени законските решенија дека ќе влезат во собраниска процедура и ќе бидат изгласани“, истакна Ковачевски.

Со владините мерки, 365 основни и 109 средни училиштата ќе се на регулиран пазар за струја, за да може образовниот процес да тече непречено. Болниците и мерните станици за водни пумпи ќе купуваат евтина струја од ЕСМ. Предвидени се повеќе евтини кредитни линии за стопанството за одржување на ликвидноста, обезбедени се средствата за поврат на ДДВ и пред законскиот рок од 30 дена за да има зголемена ликвидност. Предвидени се и субвенции во земјоделството заради обезбедување храна, зголемување на приноси, стимулирање продуктивност како и поголема конкурентност.

24 Анализа Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.