Во СДСМ ќе избираат лидер на избори, кај нас тоа ќе биде на Конгрес. На него, ќе ја разгледаме новата доктрина на партијата, информира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, на Конгресот на 12-ти декември треба да се усвојат и стратешките документи и правци, но и идните насоки за дејствија на партијата за, како што вели, планираат да ја освојат власта на следните предвремени парламентарни избори.

-Единствено Мицкоски ја најави кандидатурата. Според Статутот, секој кој ги исполнува условите, може да се пријави, дури и до самиот ден на изборите 12-ти декември, недела. Не можам да шпекулирам дали ќе има и други кандидати, посочи Ковачки.