Во изминатите три дена се направени 2.880 тестови преку кои се регистрирани нови 180 случаи на ковид-19, оздравени се 153 пациенти, а починати нема, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).
Во Скопје се евидентирани 118 позитивни случаи, во Охрид – 12, во Кавадарци – осум, во Тетово – шест, во Битола и во Струмица по пет, во Штип и во Неготино по четири, во Прилеп и во Кочани по три, во Куманово, во Велес, во Гостивар и во Кичево по два, во Струга, во Ресен, во Радовиш и во Делчево по еден. Од вкупниот број на позитивни, 29 реинфекции.
Евидентирани се 153 оздравени пациенти од Скопје – 70, од Куманово – 20, од Битола – девет, од Охрид – седум, од Велес – шест, од Струмица, од Штип и од Дојран – по пет, од Прилеп – четири, од Струга, од Свети Николе и од Македонски Брод – по три, од Гостивар, од Кичево и од Ресен – по два, од Кавадарци, од Тетово, од Кочани, од Виница, од Кратово, од Крушево и од Демир Капија – по еден.
Во текот на изминатите три дена (од 24 до 26 јуни 2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.078.512 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570.