Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 затвори и седма текстилна конфекција во Штип

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Затворена е уште една текстилна конфекција во Штип каде дополнително е потврден позитивен тест на еден работник, објави денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски по седницата на Општинскиот кризен штаб, на која присуствуваше и вицепремиерот и координатор на национално ниво, Бујар Османи.

Со тоа, во Штип се затворени вкупно седум конфекции, а погонот што сега е затворен има 250 вработени и на сите ќе им бидат земени брисеви. 

„Вработените во шестте конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација, да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните. Градскиот пазар на 5 јуни делумно ќе биде отворен за работа, само со прехранбени производи“, рече Бочварски.

Вицепремиерот Османи соопшти дека е е потребно да се постават т.н. ковид координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките. Со тоа, смета Османи, значително ќе се заштитат и вработените и компаниите. 

„Очигледно дека имаме рецидив на болеста. Имаме враќање на пикот на епидемијата што денеска се потврдува и на ниво на државата и во Штип. Веќе е време да се создаде нова позиција во сите институции кои имаат повеќе вработени без разлика дали се работи за приватни или државни институции. Тоа се ковид координатори. Бидејќи очигледно е дека оваа болест ќе трае и за да ги заштитиме вработените, но и компаниите од затворање, најисплатливо за сите е доколку секоја компанија и државна институција назначи ковид координатор чија единствена работа ќе биде да внимана на почитување на протоколите“, истакна Османи. 

Во Штип во изолација се ставени над 300 граѓани, а на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 16 пациенти со средна клиничка слика

затворање Конфекција Коронавирус Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.