Во последните 24 часа, според податоците од Институтот за јавно здравје, се регистрирани 96 нови случаи со ковид-19, еден починат пациент и 37 оздравени лица, соопшти Министерството за здравство.

Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се регистрирани уште два смртни случаја од Скопје (81 год. и 91 год.).

Новите 96 случи се забележани во Скопје – 55, во Битола – 10, во Куманово – осум, во Тетово – шест, во Прилеп – четири, во Кавадарци, во Велес, во Охрид, во Штип и во Крива Паланка – по два, во Неготино, во Радовиш и во Богданци – по еден.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534, а на активни случаи изнесува 435.