Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 никако да олабави: Нови 156 случаи, шест пациенти починаа, 27 излекувани

0
By Нова ТВ on June 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не стивнува бројот на новозаболени лица со ковид-19 во земјава. Во последните 24 часа, според Министерството за здравство (МЗ), се регистрирани нови 156 позитивни наоди од вкупно 1.227 направени тестирања, при што вирусот е детектиран кај 100 лица во Скопје, 19 во Тетово, 11 во Куманово, по шест во Велес и во Штип, три во Кочани, две во Струга и по едно во Дебар, во Прилеп, во Битола, во Охрид, во Кавадарци, во Гостивар, во Гевгелија, во Кратово и во Свети Николе.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 27 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 10, од Штип – 3, од Тетово – 10, од Велес – 1, од Битола – 1 и од Неготино – 2. Починати се шест пациенти од кои четворица од Скопје и двајца од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Скопје – едната на возраст од 70 години, хоспитализирана на 16 јуни, а другата на возраст од 76 години, која била примена на 10 јуни.

На Клиниката за нефрологија почина 74 годишна пациентка од Скопје и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почина скопјанка, исто така, на возраст од 74 години.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 66 години, примена во болницата на 14 јуни, а во Клиничката болница во Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 2.735. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 2.343, активни 1.593
Куманово – 679, активни 230
Дебар – 63, активни 11
Штип – 260, активни 208
Прилеп – 230, активни 17
Тетово – 500, активни 304
Струга – 149, активни 70
Велес – 162, активни 34
Битола – 38, активни 9
Охрид – 91, активни 72
Кавадарци – 9, активни 4
Гостивар – 79, активни 53
Гевгелија – 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 10, активни 7
Крива Паланка – 10, активни 4
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 5, активни 2
Кочани – 59, активни 26
Пробиштип – 11, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 2, активни 1
Валандово – 5, активни 3
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 5, активни 3
Свети Николе – 12, активни 10
Кичево – 5, активни 2
Ресен – 48, активни 47
Неготино – 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.227 теста се преку ИЈЗ – 484, преку ЦЈЗ Скопје – 39, преку „Авицена“ – 105, преку „Биотек“ – 152, преку „Систина“ со PCR метода – 104, преку МАНУ – 151, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 180 и преку Судска медицина-12. Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид-19.

Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 13 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 16 нови пациенти, додека вкупно се хоспитализирани 126 пациенти. На респираторна машина се седум лица, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 352
Аеродром – 127
Бутел – 117
Гази Баба – 128
Центар – 123
Карпош – 108
Сарај – 109
Кисела Вода – 82
Ѓорче Петров – 63
Студеничани – 75
Шуто Оризари – 54
Арачиново – 44
Илинден – 24
Петровец – 12
Чучер Сандево – 8
Сопиште – 11
Странец – 4
Нераспределен – 51

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.