Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид рекорд на смртни случаи: Починаа 12 лица, новозаболени 132, излекувани 112

0
By Нова ТВ on June 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија бележи рекорден број на смртни случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на Ковид-19. Во изминатото деноноќие починаа 12 пациенти, регистрирани се 132 нови случаја и излекувани се 112 лица. Ова е билансот на коронавирус во земјата за последните 24 часа во кои се направени 868 тестирања што, според Министерството за здравство, дале позитивни резултати кај 57 лица во Скопје, 19 во Тетово, 13 во Штип, 10 во Куманово, седум во Прилеп, шест во Гостивар, пет во Охрид, четири во Велес, три во Струга, по две во Пробиштип и во Свети Николе и по едно лице во Дебар, во Битола, во Кавадарци и во Ресен.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 112 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 42, од Штип – 40, од Прилеп – 1, од Тетово – 16, од Велес – 1, од Гостивар – 5, од Кочани – 2, од Пробиштип – 3 и од Свети Николе – 2. Починати се 12 лица – пет пациенти од Скопје, по двајца од Тетово и од Струга и по еден од Штип, од Велес и од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60, односно 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на возраст од 72 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица – тројца пациенти од Скопје на возраст од 56 години, од 69 години и 75 години и пациентка од Велес на возраст од 68 години. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 81 година, во Гостивар почина пациент на возраст од 70 години, а во Тетово почина пациент на 62 годишна возраст. На Институтот за белодробни заболувања за деца во Козле почина пациентка од Скопје на возраст од 83 години која денеска е потврдена како позитивна.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.209, бројката на оздравени пациенти е 2.427, на починати е 298, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.484. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3006, активни 1986
Куманово 750, активни 293
Дебар 92, активни 40
Штип 332, активни 148
Прилеп 257, активни 33
Тетово 681, активни 366
Струга 218, активни 133
Велес 182, активни 37
Битола 50, активни 17
Охрид 167, активни 143
Кавадарци 15, активни 9
Гостивар 117, активни 62
Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 15, активни 10
Крива Паланка 15, активни 9
Радовиш 4, активни 0
Крушево 6, активни 3
Кочани 69, активни 22
Пробиштип 17, активни 9
Демир Хисар 2, активни 1
Македонски Брод 4, активни 2
Пехчево 6, активни 3
Берово 2, активни 0
Валандово 6, активни 2
Виница 3, активни 0
Делчево 1, активни 0
Кратово 4, активни 1
Свети Николе 27, активни 23
Кичево 30, активни 25
Ресен 100, активни 94
Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 868 теста се преку ИЈЗ – 660, преку МАНУ – 110, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 25 и преку „Систина“ со PCR метода – 73. Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени четворица пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две позитивни деца и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 14 нови пациенти, вкупно се хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациента. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 417
Аеродром – 148
Бутел – 134
Гази Баба – 158
Центар – 131
Карпош – 135
Сарај – 142
Кисела Вода – 106
Ѓорче Петров – 101
Студеничани – 91
Шуто Оризари – 75
Арачиново – 53
Илинден – 32
Петровец – 18
Чучер Сандево – 15
Сопиште – 12
Зелениково – 2
Странец – 2
Нераспределен – 157

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.