Корона пандемијата стивна, но останаа последиците кај пациентите кои ја победиле болеста. И додека ковид центрите се празнат, се полнат болничките соби во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле, каде со месеци се лекуваат пациенти со пост ковид компликации. Таму во моментов има дваесетина хоспитализирани, на кои долгото болничко лекување во ковид центрите им ја одзело физичката сила, па секојдневно вежбаат со физиотерапевтите пред да се вратат во удобноста на своите домови. Најмадиот имал само 40-тина години и доживеал мозочен удар како последица од Ковид 19.

За третманот и секојдневната борба и на пациентите и на тимот лекари, за НОВА ТВ раскажува директорката на Институтот, асистент доктор Маја Манолева.

Корона пандемијата и последиците што ги остави врз здравјето на пациентите кои се изборија со болеста, наметна потреба за отворање на центар каде лицата кои биле на долго болничко лекување, ќе се рехабилитараат пред да му се вратат на секојдневниот живот. Токму Заводот за физикална медицина и рехабилитација е местото кое од стартот на годинава ги отвори вратите за пост ковид пациенти. Колку пациенти во моментов се на физикална терапија во вашата институција?

Манолева: Во моментов имаме околу 20-тина пациенти кај кои што се спроведува пост ковид рехабилитација. Пациентите хоспитализирани во Институтот се на возраст помеѓу 40 и 80 години.

Со каква симптоматологија се примени овие пациенти, каква програма на вежби и терапии треба да минат пред да се вратат дома?

Манолева: Пациентите кои развиваат симптоматологија на Ковид – 19 имаат широка палета на нарушувања, пред се’ се работи за нарушена функција на белите дробови, понатаму заради долгото лежење и долгата неактивност пациентите имаат хипотрофија на мускулатурата која пак од друга страна резултира со многу изразена и тешка мускулна слабост и вкочанетост на зглобовите. Од друга страна нарушената белодробна функција и слабоста на мускулатурата доведуваат до појава на брз и сериозен замор којшто се јавува кај овие пациенти и тоа дури и при многу едноставно седнување или станување од кревет. Значи кога се исправаат од лежечка во седечка положба. Сето ова влијае на нивната ограничена подвижност и нивната способност за извршување на секојдневните животни активности пред се. Овие ограничувања од своја страна влијаат и на нарушување на менталното здравје и понатаму кај оние пациенти кои се лекуваат во болнички услови и по неколку месеци се јавува потреба за психо-социјална поддршка.

Секоја рехабилитација започнува со воспоставување на цели на рехабилитацијата. Воглавно, кај овие пациенти кај кои што постои засегање на белодробната функција, цели на рехабилитацијата се рана мобилизација и повторно движење, подобрување и нормализирање на респираторната функција преку подобрување на атрофиката на респираторната музкулатура, враќање на активностите од секојдневниот живот, практично пред се активности како облекување, собрлекување, хранење итн. Обие активности во пораните фази на заболувањето се практично невозможни кај некои пациенти. Се прави баланс помеѓу активностите и паузите кои му се потребни на пацинтот. За секој пациент кој е згрижен во нашата институција се изработува сосема индивидуална програма за рехабилитација. Индивидуалниот план за рехабилитација секако зависи и од возраста на пациентот, претходната општа состојба, секојдневните потребит на пациентот, значи не е исто ако пациентот е работоспособен,  средовечен човек или пак пензионер кому најбитно му е да ги извршува активностите на секојдневниот живот самостојно. Не секој од пациентите кои стигнуваат во нашата институција е врзан за кревет, некои се веќе подвижни и можат да искачат неколку скалила и поради таа разноликост на клиничка слика со која доаѓаат пациентите на пост ковид рехабилитација, постои потреба секој третман да се прилагоди индивидуално.

Колку долго трае еден процес на рехабилитација?

Манолева: Вообичаено лекувањето трае од 2 до 4 недели. Повеќето од пациентите, околу 80 проценти, покажуваат значително подобрување на општата здравствена состојба за време на рехабилитацијата. А мал е процентот на оние кои остануваат да се борат со промените кои ги оставил корона вирусот на подолг рок.

Лекарите специјалисти не кријат дека корона пандемијата влијаеше негативно и врз психичкото здравје на граѓаните, а посебно кај оние пациенти кои минале подол период на болничко лекување поради компликации од Ковид 19. Дел од нив, покрај серизоните здравствени проблеми со кои се соочиле, како респираторни, кардиоваслукарни, па дополнително се соочуваат со анкзионост и страв. Дали во вашата Установа пациентите добиваат и психолошка поддршка?

Манолева: Составот на тимот за рехабилитација е доста обемен, така да не само специјалистите физијатри се вклучени во тимот за рехабилитација туку со пациентите работат и физиотерапевт, работен терапевт, медицинска сестра, социјален работник и психолог.

Во екот на најголемиот пик на пандемијата, или попознат како трет бран што ја зафати нашата земја во месеците февруари, март и април, кога имаше и најмногу заболени, колкав број на пост ковид пациенти минаа на болничка рехабилитација и во дневната амбуланта?

Манолева: Како течеше корона бранот, така и ние ги лекувавме пациентите пост ковид. Еве сега во моментов има една псоериозна бројка и се уште имаме најава за нови пациенти кои се лекуваат болнички, а кои по напуштањето на ковид центрите ќе треба да дојдат на рехабилитација во Институтот. Амбулантските третмани исто така постојано течат со тоа што се организираат посебни групи на вежби за пациентите кои што имаат потреба од пост ковид рехабилитација. И индивидуално и групно има термини во кои што се работат тие вежби. Кога поминува оној ковид бран после него следува пост ковид бранот за рехабилитација така да кај нас во моментов, ние излеговме како ковид центар, а продолживме да работиме како пост ковид центар и во моментов има една доста голема бројка на пациенти од целата држава.

Кој е најмладиот пациент што во изминатава година откако се бориме со корона вирусот, бил на пост ковид рехабилитација во Институтот за рахабилитација во Козле?

Манолева: Јас мислам дека тоа се двајца пациетни кои во моментов се наоѓаат кај нас на рехабилитација. Имаат околу 40-тина години, кои се релативно млади, но потребна им е сериозна рехабилитација бидејќи имаат длабоки последици од инфекцијата со Ковид 19. Нешто што не е поврзано со белодробната функција, тоа е мозочен удар на пример предивикан од хиперкоагулабилната состојба на крвта, што довело до сериозни последици.

Биљана Божиновска