Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кожниот оддел во„8 Септември“остана со еден лекар, а таму се препраќаат пациентите

0
By Менче Атанасова Точи on March 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако се затвори Кликината за кожни болести и е најавено затворање на штипското кожно одделение, Филипче соопшти дека пациентите ќе се препраќаат во „8 Септември“. Но, одделот таму функционира само со една лекарка која не е во изолација и е единствена која не била на симпозиумот во саботата

Градската општа болница „8 Септември“, останува само со еден лекар на кожното одделение, другите четворица лекари од денес се во изолација бидејќи присуствувале на симпозиумот кој го водела директорката на Клиниката за кожни болести која е заразена со коронавирус. Министерот Филипче најави дека пациентите со кожни болести ќе се пренасочуваат таму, откако денеска е затворена клиниката, а најави затворање и кожното одделение во штипската болница. Сите 103 лекари што присуствувале на симпозиумот во саботата на 7 март кој се одржал во ресторанот Рагуза се во домашна изолација.

Во болницата „8 Септември“ за НОВА потврдија дека кожниот оддел сега ќе функционира амбулантски само со една лекарка и уште една која е на почеток на специјализација. Неофицијално, лекарката не отишла на симпозиум бидејќи имала смртен случај во семејството, починал татко и. Тоа практично значи дека и на неа и следуваат три работни дена да изостане од работа поради смртниот случај. Директорот Христијан Костов вели дека лекарките дошле утринава на работа, со маски, по што биле известени дека треба да си заминат дома во изолација.

„ Дојдоа утринава, со маски беа и потоа откако бевме известени со допис од ДСЗИ, заминаа во домашна изолација 14 дена. Остануваме само со еден лекар, а 10 хоспитализирани пациенти ќе бидат пуштени дома. Ќе бидат третирани само итните случаи амбулантски. Ќе се снаоѓаме некако, ќе гледаме да покриваме со дежурните интернисти“, изјави за НОВА, директорот Костов.

Тој кажа дека од пред една недела започнале со втора смена на Инфективното одделение, но и таму функционираат само со тројца  лекари, од кои едниот е на боледување и пред пензија.

Денеска е затворена Клиниката за кожни болести и сите 64 вработени се ставени во изолација. Директорката  Нина Цаца Билјановска пред 10 дена била на скијање во Италија, а со фотографии се пофалила и на социјалните мрежи. Таа цела недела била болна и така доаѓала на работа. Вработените ја пријавиле во Министертвото за здравство по што доцна синоќа и бил потврден коронавирус. Досега во изолација се ставени над 200 лица.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.