Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕиас во Скопје: Нов обид да се деблокираат интеграциите во НАТО и ЕУ

1
By Нова ТВ on August 31, 2017 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 31, 2017 08:53

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас денеска пристигнува во еднодневна официјална посета на Македонија.

Тој во Скопје ќе има средби со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и со претставници на парламентарните партии.

Според најавите од двете страни, нема да разговара за спорот за името.

Посетата на Коѕиас е возвратна, по таа на Димитров на Атина во јуни годинава. Во фокусот на разговорите, според најавите, ќе биде имплементацијата и проширувањето на мерките за градење доверба и најновите случувања во регионот. Се очекува Димитров, како и при посетата на Атина, да побара поддршка за градење добрососедски односи и деблокирање на процесите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Отворањето на тие патишта, според Димитров, може да придонесе да се затвори и главното прашање меѓу Скопје и Атина.

Медиумите во Атина деновиве пишуваа дека грчката Влада ќе се обиде да ги спушти очекувањата од посетата на Коѕиас и да ја искористи за да покаже дека новата Влада на Заев нема волја за решавање на спорот, бидејќи е во првите 100 дена од формирањето и во октомври земјата ја очекуваат локални избори.

Министерот Димитров вчера рече дека е важно да се воспостави отворена релација и Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи.

– Довербата е првиот чекор кон пријателство и тоа е многу важна работа. Целта е да се прошират мерките за градење доверба во повеќе области и да се направат пореални и да се имплементираат. Второ, повлековме една сериозна линија на корективни мерки согласно времената спогодба. Ова Министерство и Влада ги земаат сериозно преземените обврски, го земаат сериозно Уставот на Македонија и ќе бидеме многу принципиелни и цврсти во контекст на излетот што ни се случи во Канада. Тоа само ќе ни ги зајакне позициите и во однос на утрешната средба и генерално во однос на Грција, изјави Димитров.

Завчера во Атина беше одржан состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција во согласност со договорот постигнат меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Скопје на 24 јуни 2015 година.

Состанокот, како што информира МНР, е продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми, како што се проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и енергијата, потоа полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка. Следниот состанок ќе се одржи во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.