Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Александар Велики докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли

2
By Нова ТВ on February 1, 2018 ПОЛИТИКА
Никос Коѕијас
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 1, 2018 21:40

Убеденост дека до јуни ќе се реши прашањето за името, изразува шефот на грчката дипломатија во интервју за Ројтерс и вели дека решението е во интерес и на Грција и на регионот.

– Во животот, Александар Велики докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли. Во еден момент, треба да завршиме со такви прашања – вели Никос Коѕијас во интервјуто за Ројтерс, јавува дописникот на МИА од Атина, а изразува и оптимизам дека решение може да има до јуни, објаснувајќи дека тоа е во интерес на сите.

– Сакаме да го решиме. Тоа е во наш национален интерес и во интересите на регионот, за стабилност, безбедност и економски раст – вели Коѕиас за Ројтерс и додава дека постои нов моментум по промената на власта кај нас, а ја споменува и нацрт спогодбата што Грција ќе ѝ ја достави на Македонија.

Во интервјуто, го повторува она што во вторникот го кажа по средбата со Нимиц, одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА, дека спогодбата нема да биде текст што ќе ги содржи само грчките ставови, ниту пак завршен договор, туку ќе биде основа врз која ќе може да се започне соработка.

Ројтерс коментира дека грчката Влада не успеа да формира широка политичка поддршка за преговорите, а Коѕијас за недостигот на поддршка вели: „Да ви кажам еден парадокс“ запрашувајќи се, „ако не се постигне денес договор, кое име останува?“.

– На меѓународно ниво, ќе останеме со рамно „Македонија“, така што нема да бидеме во корист, а во нашите (билатерални) односи ќе остане „поранешна југословенска Република Македонија – вели шефот на грчката дипломатија и додава дека само се лажеме со лингвистичка акробација, затоа што граматички, името ќе го вклучува терминот Македонија, но со хронолошка дефиниција.

Во однос на протестите во Грција, Коѕијас вели дека тие се знак на демократија, а луѓето и во двете земји што не се согласуваат со добар компромис, не значи дека имаат лоша намера.

– Тоа се едноставни граѓани, кои проблемот го гледаат од различен агол, без да ги земат во предвид историските или идните перспективи за соработка – вели шефот на грчката дипломатија за Ројтерс, пренесува МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.