Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крахот на новиот светски поредок!

0
By Zoran Ivanov on January 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 4, 2026 10:26

Чавез-Мадуровата револуција која стана атрактивна во третиот свет, ја претвори богатата Венецуела во земја на ултрасиромашни граѓани кои спас бараат во емиграција, Вучиќ ја демолира Србија бранејќи го својот режим со принципите на сувереноста и народната волја, Северна Македонија е трајно осакатена под притисокот на ултрапримитивната и антимакедонска политичка концептуализација на митот за вмро.

Бранко Тричковски

Трамп е орел кој скока по картата на светот, прави дупки и сере!

Завчера канџите му се зарија во Каракас и го закачија и однесоа во Њујорк лудиот претседател на Венецуела, Мадуро.

Ќе видиме дали таа нелегална, криминална интервенција ќе заврши со воведување на американска привремена управа врз оваа богата земја со ултрасиромашни луѓе или американскиот орел ќе се повлече со искубани крилја, но на фонот на реакциите на новата тема број еден во светот, сакам да кажам две-три работи:

Прво, политиката која долги години опстојуваше во рамките на повоениот систем, вредносен и институционален и на еден деликатен начин урамнитежен, заедно со политичките елити, е пред исцрпување и не е во состојба да одговори на современите предизвици кои ги диктираат огромните акумулации на богатства во рацете на се помал број луѓе, природниот процес на ширење на влијанијата на нови сили кои до вчера беа во длабока светска сенка, миграциите, социјалните мрежи и нивните злоупотреби за ширењето на хистерии, очајувања и безизлези, научните и техничко-технолошки дострели кои ги уриваат старите граници и конечно, моралните, правните, па и криминални деформации на нациите и државите, особено на властите.

Мислам дека системот на национални држави и на самоопределувањето и немешањето во внатрешните работи, во основа утврден со Вествалскиот мировен договор од 1648 година, е тешко болен од внатрешни узурпации и од општата покореност на битката за пари, моќ и успех, при што, елитите, односно властите ги приватизираат сите ресурси.

Чавез-Мадуровата револуција која стана атрактивна во третиот свет, ја претвори богатата Венецуела во земја на ултрасиромашни граѓани кои спас бараат во емиграција, Вучиќ ја демолира Србија бранејќи го својот режим со принципите на сувереноста и народната волја, Северна Македонија е трајно осакатена под притисокот на ултрапримитивната и антимакедонска политичка концептуализација на митот за вмро.

Итн.

Највелелепната политичка, правна и културолошка меѓудржавна организација, значи Европската унија е нон-стоп саботирана од локални султани со странски агентурни лиценци, повторно повикувајки се на суверенитетот и народните вољи кои тие ги произведуваат преку своите пропагандни и коруптивни канали. Орбан, Фицо, Бабиш, пред нив браќата Качински во Полска…

Системот еден човек еден глас е декласиран во својата демократска димензија и е претворен во извор на невидени манипулации и несреќи, кражби и доминации. Како и принципот на едногласноста во одлучувањето во мултинационални структури каква што е Европската унија.

Нападот врз Венецуела како и претходно нападот врз Украина се агресии кои ја користат кризата на класичната организација на меѓунатодниот поредок, но бидејки не се потпираат на никакви вредности туку исклучиво на воената и финансиска моќ, нема да завршат со воспоставување на нов поредок како трајна категорија, повеќе ќе посеат хаос и

Ќе расшират страдања пред да се испумпаат како центри на општата тотална политичка и секаква отровна радијација. Светот, можеби, ќе се сети дека во декадентните системи и не му било толку лошо колку што му се чинело пред агресијата на пропагандите.

Трамп и Путин, а и другарот Си ќе ја загубат битката.

Како и Мадуро и нашиот манекен Христијанчо.

Орбан и Вучиќ.

Да, да…

Тоа е мојата прогноза.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

Бранко Тричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.