Крај на летото. Ладниот бран кој вчера ја зафати Словенија, на Кредарица под Триглав температурата ја спушти на 1 степен Целзиусов и почна да паѓа снег.
Падот на температурата во Хрватска донесе бура, која беше најсилна на север на Јадранот.
Во Риека дуваше ветар со јачина од 56 километри на час, а на островот Крк бурата беше со јачина од 80 км/ч, а во подножјето на Влебит дури 100 км/ч. Температурата на Истра синоќа се спушти на 11 степени Целзиусови.
Бурата предизвика проблеми и во сообраќајот, јавуваат хрватските медиуми. Метеоролозите во Хрватска за денеска највуваат силен дожд пропратен со грмотевици.
Според најавите утре во Македонија ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за два до три степени.