Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Националната установа Џез орекестар доби своја адреса, министерката бара јавно извинување за манипулациите на Филахармоничарите

0
By Ана Василевска on June 20, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Му благодарам на оној кој и покрај, во најмала рака неетичкото однесување, ја објави електронската преписка која ја имав со дел од раководниот тим на Филхармонија, и ја направи видлива пораката во која напишав: „ќе биде како што сме се договориле“.   И еве, како што гледате, јас зборот го одржав.нагласи Костадиновска- Стојчевска. 

Новоформираната Национална установа Џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса – во зграда бр.1, влез 1, на бул.„Гоце Делчев“ бр.4, на Катастарска парцела бр. 9505/1, Катастарска општина Центар 1, со Имотен лист бр. 40986. Ова денеска на прес конференција го соопшти министерката за култира Бисера Костадиновска-Стојчевска и нагласи дека го исполни тоа што беше договорено, наспроти неколку неделните манипулации во јавноста од страна на синдикатпт на Филхармонијата.

Станува збор за дел од вкупниот простор од 1448 м2 под Националната Опера и балет, простор од 475 м2, за чие соодветно реновирање ресорното министерство обезбедило проект и средства.

Овој простор од 475м2 е со трајно користење на Министерство за култура.

„Откако беше заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови неминовно траеше неколку недели, Владата , на денешната седница, донесе одлука овој простор да ѝ припадне на Националната установа Џез оркестар и на тој начин најдобро да го искористи и да го сочува државниот имот. Ќе нагласам – иако се работи за државен имот, беше потребно време за комплетирање на документацијата, запазување на сите законски постапки и изготвување на проект за реконструкција и адаптација на просторот, а сето тоа одеше етапно и се разгледуваше на неколку владини седници. Јас моето ветување кон јавноста, а пред сè кон вработените во Филхармонија, го исполнив и со оглед на обемноста на документацијата и запазувањето на сите неопходни процедури, ова ветување го одржав во реално најкус можен временски период. Ветив и ветувањето го исполнив. Му благодарам на оној кој и покрај, во најмала рака неетичкото однесување, ја објави електронската преписка која ја имав со дел од раководниот тим на Филхармонија, и ја направи видлива пораката во која напишав: „ќе биде како што сме се договориле“.    И еве, како што гледате, јас зборот го одржав.нагласи Костадиновска- Стојчевска.

Таа потенцираше дека чесен епилог нби било да следува  извинување  кон јавноста и публиката од директорката и управниот одбор кои  свесно манипулираа со врвни музичари, но и со авторитети од светот на културата, „убедувајќи ги дека јас и оваа Влада сакаме да ја земеме зградата на Филхармонија и воедно свесно ги изложија на критики од јавноста како нетрпеливи и безобзирни домаќини“.

„Невистините, манипулациите и заканите продолжија и откако на владина седница ја дополнивме одлуката, допрецизирајќи и нагласувајќи  дека Џез оркестарот времено, до своето законско оформување, ќе биде во дел од просториите на Филхармонија. Поединци, користејќи се со полувистини, на сите манипулации ја дотурија и таа дека „заради нивното спротивставување и борба за зградата на Филхармонија“ јас сум им испратила инспекција. Вистината е далеку од тоа. Се работи за редовна комуникација на службите од Министерството за култура со Националните институции, и тие не се инспектори. И уште една полувистина – посебната сметка на Филхармонија е блокирана?! Не е точно.  Вистината е дека , заради подобра евиденција и искористеност на секој денар во културата, од пред неколку месеци побарав сите Национални установи да достават прецизен план каде ќе бидат искористени тие средства. Ако отчетност бараме од другите корисници, зошто не би ја барале и од Националните установи.“, рече таа.

Инаку, претходно министерката побара Националната установа Џез отркестар привремено да биде сместена во зградата на Филхармонија, што наиде на голем отпор од оваа институција. Како што денеска беше појаснето, оваа трајна адреса за џезерите била предвидена, и ќе остане запомнето дека нивните колеги не сакаа привремено да бидат под ист кров со џезерите.

„Да повторам. Новоформираната Национална установа Џез оркестар , со одлука на Владата, добива посебна трајна адреса и простор. Верувам дека вработените во Филхармонија ќе си останат на зборот дека нивните колеги од Џез оркестарот ќе можат да ги одржат своите генерални проби и концерти во зградата на Филхармонија. Во исто време, ги повикувам сите вработени во Филхармонија да ги запрат протестите и да се вратат во нормалниот ритам на работа, да се посветат на творештвото и да дадат придонес во нормализација на односите. Тоа сите и го должиме на публиката. Ова е крај на манипулативните и непотребно создадени тензии меѓу колеги музичари. Не сакам да навлегувам во тоа кому и зошто му беа потребни, но тие тензии се создадени и прават штета. Сите имаме одговорност да создаваме решенија. А тие што одбиваат да градат мир, чесно е да се повлечат. Претседателот на Синдикатот на Филхармонија се надевам дека ќе има минимум доблест на јавноста, но пред сè на своите колеги, да им се извини за сите пласирани манипулативни соопштенија во кои немаше ниту грам синдикализам, а уште помалку култура и со тоа креираше погрешна слика во јавноста дека музичарите се нетрпеливи и тесногради едни кон други.“, нагласи министерската за култура.

Просториите на Националната установа Џез оркестар се спроти просториите на Културно уметничкото друштво „Орце Николов“.

А. В. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.