„Мекдоналд Европа“ го прекина договорот за франшиза со македонската фирма „СЈ компани“, која, оттука, од 14 мај, не смее да работи под брендот „Мекдоналдс“.
Европската централа на најголемиот синџир за брза храна во светот официјално даде одговор на прашањето зошто веќе втор ден се затворени сите седум ресторани на „Мекдоналдс“ во Македонија, пишува “Дневник”.
– По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналд“ – вели Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналд Европа“, а сама ќе одлучи дали рестораните ќе продолжат да работат под некој друг бренд.
Мекдоналдс се затвора во Македонија по шеснаесет години од постоење. На отворањето тогаш, присуствуваше и претседателот Киро Глигоров.