Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крајно нечовечки услови за мигрантите-бегалци во Македонија

0
By Нова ТВ on April 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 24, 2015 20:41

На фотографиите што ги испрати Хелсиншкиот комитет за човекови права можете да видите како изгледаат тоалетите и мијалниците во Прифатниот центар за странци во Гази Баба каде мигрантите-бегалци, во крајно нечовечки услови, поминуваат по неколку месеци на нивниот пат по подобар живот.

Оваа организација за одбрана на човековите права реагира на трагичниот настан кој се случи во Македонија со загинувањето на 14 бегалци на нивниот пат по подобар живот и вели дека државата не ги заштитува ниту основните права на овие луѓе кои на патот кон Европа минуваат низ нашата земја.

Според Хелсиншкиот комитет во последните 6 месеци усмртени беа најмалку 27 странци, вклучително бебиња, деца и жени: «Кога полицијата ќе ги открие овие лица тие најчесто се притвораат во Прифатниот центар за странци во населбата Гази Баба каде во крајно нечовечки услови поминуваат по неколку месеци».

Освен тоа, во Македонија «пругите се необезбедени, не постои никаква сигнализација или знаци што би укажале на опасност за движење на луѓе, а на мигрантите и бегалците не им се обезбедува ниту најосновната хуманитарна помош. Единствениот Прифатен центар во Гази Баба е пренатрупан и во распаѓање, нема соодветна здравствена заштита, а не се обезбедува ниту правна помош. Мигрантите и бегалците живеат во неизвесност за нивната иднина, а Прифатниот центар е целосно затворен за здруженијата на граѓани и медиумите», вели оваа организација која веќе одамна бара дозвола да го посети овој Прифатен центар за да ја извести јавноста за условите во кои живеат овие луѓе.

Според Хелсиншкиот комитет «обидот за релативизација на оваа хуманитарна криза од страна на МВР преку изнаоѓање оправдувања во неефективната гранична контрола на Република Грција и претставувањето на овој проблем како глобален во никој случај не ја ослободува Република Македонија од сопствените обврски».

Соопштението потсетува дека Македонија е потписник на Европската конвенција за човекови права преку која превзела обврска да ги заштити животите на лицата кои се наоѓаат на нејзина територија. И македонскиот Устав вели дека странците уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори.

Хелсиншкиот комитет потсетува дека во 1999 државата обезбеди прибежиште за над 350.000 бегалци од Косово, а денес не може да се справи со неколку стотини странци во истата ситуација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.