Речиси во трчање Груевски попладнево ги одбегна новинарските прашања за вчерашната посета на Викторија Нуланд, како и шпекулациите во јавноста дека се подготвува избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Новинарите единствено добија три кратки „Не“, кои Груевски ги изговори додека се качуваше по скалите во Порта Македонија, каде се одржуваше состанок со неколку градоначалници.
На прашањето дали ќе се повлече од функцијата и дали се подготвува нов избор на претседател на владејачката партија, тој одговори со „Не“.
Груевски одби да одговори на останатите прашања на новинарите.