Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кратко за лепакот!

0
By Biljana on May 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 29, 2021 10:56

Автор: Аделина Марку

Долго време сум размислувала за феноменот на отфрлање на реалноста дури до степен на себеанакроност, бунејќи се дали е изворен или контекстуален. Разбирањето на оваа дилема мораше да ми стане читлива бд метадимензијата што ми ја создаваше уште повеќе втурнеше денијализм. Дури покасно, кога го искусив денијализмот , сватив дека од личниот- изворниот феномен не мора да се плашиш бд ако самиот не успеваш да го процесуираш, постојат специјални установи што помагаат.

Да, и кај овој феномен , исто како кај секој во науката , се става еден ‘’изм’’ на крајот од зборот . Значи денијализмот ти е тој феномен што разгорува против реалноста и создава една манија на зацртна вистина! Кога пораснав зрело, и кога луксузно го победив мојот личен или изворен денијализм (што животот понекогаш ни го носи како линија: предзвик) започнав да негувам страст за разбирање на контекстуалниот,  денијализм! Во мојата мисла овој вид е поврзан со општествениот денијализм кој трпи една  политичка пројекција за себеси – до ниво на фетиш, ама политички фетиш!  Оваа генерација , те генерацијата на мојата ќерка на пример, не знае дека мојата генерација џвакаше политички фетиш за мултикултурализмот не живеејќи го доволно институционално. To the bones honey!  ‘’Што , во име на Господ ти значи оваа Мамо? ‘’- секако би ме прашала мојата ќерка гуглајќи за мултикултурализмот ! Кога мултикултуралистите на моето време зборуваа за нивниот начин на проектирање на мултикултурализмот, националистите на моето време  беа тие што треба да бидат проектирани како референтен предмет – во таа смисла што, ‘’ние сме здравоумните – тие се лошоумните!’’ Ох колку ги мразев овие клишеизирани поделби! Да си мултикултурен е cool, да си националист е антиcool! Оваа ригидна поделба, (ок колку крута и примитивна) во суштина патеше од глупост и површност!  Па јас  не бев доволно cool, бидејќи на пример , јас не зборував на македонски  јазик во некоја трибина каде ечевме дефиниции за мултикултурализмот во нашето општество, туку од мене се бараше да зборам на англиски- одбегнувајќи изразување на албански јазик –   за да странците поблаго ги разберат моите повнатрешнети слоеви на протестот врз овој модел на импутирање на мултикултурализам во општеството каде припаѓам! И така начневме некои лажни фантазии, без длабоко да влеземе во нивните ерогени зони!  Ох мајко мила , кои фрутсрации беа тие на мојата генерација! Се ежам од таа иронија, од нивото на денијализмот во кое општесвото рециклираше фантазии, политички фетиши во превод!  Која субкултура на мултикултурализам создадовме изигравајќи табори на здравоумните и лошоумните!  Кои субстракти на денијализам вродивме во нашата мисловна матрица!

Никогаш не ми идеше природно затоа и не сакав да го дефинирам мултикултурализмот преку шематизиран научен напор и да му одадам атрибути на посебност, или атрибути на посебно постоење. Велевме на пример, (дури дивеевме до касно време) дека „Македонија треба да се гордее со вредностите на мултикултурализмот!’’ Дозволете , ако ваков приод би му дала на мултикултурализмот, тогаш би им дала право и на националистите да негуваат посебнот врз телото нивно!  Не за друго, туку затоа што би им дала фашистички димензии на читањето и поседувањето на тие општествени атрибути, и истите би останале засекогаш шематизирано преведени! Наместо оваа , кога на кампања, поинаку би сакала да ‘’дивеам’’:

  1. Ти се допаѓа мултикултурно, произведувај лепак!
  2. Ти се допаѓа националистичко, произведувај лепак!

Драг мој, драга моја, лепакот е тој лаксатив што помага да ослободуваш поинакви нианси на сфаќање на развојот и на концептот мултикултурализам а и на тој другиот, национализам . Лепакот е во превод добрата економија , ох џабе ти е постулатот политички – дал ‘’мулти’’дал ‘’етно’’- ако не умееш да произведеш обилство на  лепак!

Можеш и да не се согласуваш со мене ( бидејќи несогласноста ти создава чудесен стимул на ‘’Jouissance“).

Па ако така, тогаш јас би те прашала исто како Bill Watterson во The Essential Calvin and Hobbes:

Јас:  Now what state do you live in?

Тој/Таа: Denial

Јас: Well, stop it! Live ur society, genuinely!

 

аделина марку
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.