Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кражбите на артефакти најчесто ги вршат упатените

0
By Нова ТВ on December 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2013 19:28

Последната најнова кражба од нашето богато национално богатство на златни предмети се случи во Музејот на Македонија. Во интерес на истрагата не се објавуваат сите информации, но прашањето е дали некој ги има податоците?

-Многу е лесно некој да не краде а ние да не знаеме, а тоа најчесто го прават упатените, оние што знаат каде се наоѓаат и за какви предмети се работи. Многу предмети и не знаеме дека ги нема, па дури кога ќе почнеме да правиме попис, тогаш се открива кражбата, вели мојот соговорник Драги Несторовски, поранешен инспектор во МВР, кој долги години работел на откривање на криминалот со културно наследство.

Крадат сите структури во општеството – секој на различен начин но со иста цел.

Враќајки се децении назад и анализирајќи ги регистрираните кражби на нашето национално богатство, неизбежен е заклучокот дека кражбите не престанале, ниту пак се намалиле. Пред наши очи, со години наназад, исчезнуваат многу значајни предмети од нашата историја. Се краде и денес, а во нелегално присвојување на артефакти учествуваат сите структури во општеството, секој на различен начин, но со иста цел. Разликата е таа што денес државата се труди да изгради систем за да подобро се справи со овој вид на криминал. Заслугата за ова во голема мерка се должи на медиумите.

Преструктуирање на криминалците

Скоро сите странци, кои по некоја причина се во Македонија, купуваат вредни артефакти, вели Несторовски. Во 2004-2005 година, група странци кои работеле во „Телеком“ биле фатени од страна на полицијата како купуваат предмети. Во оваа акција учествувал и полицаец кој открил многу детали и имиња кои учествувале во оваа „зделка“. Но обвинителството не сакало да ја прифати пријавата од полицијата!? Во овој нелегален бизнис се вртат големи суми на пари. Цените на археолошките предмети се високи а препродавачите добро заработуваат.

Многу криминалци кои се занимаваа со друг „бизнис“, на пример со дрога, се свртеа кон криминалот со археолошки предмети. Разработена е цела една мрежа на понуда и побарувачка, нелегален пазар, на кој се востановени наши граѓани во улога на купувачи и препродавачи кои откупуваат се што се нуди на овој пазар. Златото е многу скапо, па потоа оди среброто, а македонската бронза е исто така ценета и скапа и високо котира на светскиот архео-пазар. На пример еден см бронза чини од 1 000 до 1.200 евра. Секако тука зависи и од кој век е предметот, неговата атрактивност и т.н.

„Кај нас е баши-бозук, затоа што тие од врвот го прават криминалот, а често пати и се мешаат во работата на полицијата, вели Несторовски.

Тој го наведува случајот кога полицијата, по период на долго следење и набљудување, (2004 – 2005 година), требала во април 2006 година да уапси група археолози од Завод Музеј во Охрид. во време кога работел таму како началник на полицијата. Но политиката ја манифестирала својата моќ и ја стопирала оваа акција на апсења, којашто требала да се случи непосредно пред изборите таа година. Порано, Кривичниот закон не третирал кривично дело ако некој археолог бил фатен да копа на археолошки локалитет без дозвола.

Во тој случај археологот поминувал само со прекршочна пријава. Криминал се правел и кога археолозите по пронаоѓањето на артефакти на археолошки локалитет, правото да се однесе дома и да се работи на тој предмет го злоупотребувале па предметите останувале дома или некаде… Таков случај Несторовски ни наведува во Охрид, кога морал тој да интервенира за она што е должност на самите археолози. Предмети кои биле ископани во 2001 се заведени дури во 2005 година. Но вели Несторовски во влезната книга предметите не се заведени како што треба.„ На пример стои, „пронајдени се 8 парички злато“ и толку. Не е наведен описот на предметот, староста и тн. Потоа, во Завод Музеј Охрид се заведувани предметите до 1990 година, после тоа има заведена само една етнолошка носија во 1992 година, дадена како подарок и толку, се до 2005 година.

Работата го натерала да почне самиот да се едуцира и научил многу за археологијата. Неколку пати имал потреба од стручно мислење од археолози, но увидел дека тие “го шетаат“ па почнал самиот да истражувам, вели Несторовски.

„Остарените“ икони ги заменувале со нови и поубави

Најголемите кражби на значајни и вредни икони и предмети од црквите се случиле од 1960 до 1975 година. Според неофицијални податоци таа бројка изнесува од 5000 до 6000 исчезнати икони. Оваа бројка може да биде помала а и поголема бидејќи, ако сме немале евиденција на она што го поседуваме тогаш не може да знаеме што ни фали, т.е. колку е украдено?

Надлежните лица од институциите многу често земале икони од црквите и не ги враќале.

„Ако прашаме каде се ни одговараа дека се на реставрација и засекогаш остануваа на „реставрација“. Таков случај беше во црквата „Св. Богородица„ во селото Младо Нагоричане, Кумановско, но на овој начин се земени икони и од Тетовскиот, Радовишкиот регион. Јас знам за 13 такви случаи. За повеќето вакви кражби не е покрената ниту постапка, а МВР не може тоа да го стори. Црквата како сопственик била информирана за ваквите случаи но често пати сме добивале одговор дека Управата за заштита е надлежна за тоа… Има некои работи што не се решени меѓу Црквата и државата., вели Несторовски.

Кражби на икони биле пријавувани и порано, но бидејќи беше социјалистичко време, Црквата и црквените работи се третираа малку поинаку отколку денес. Во 1974 година тогашниот секретар во МВР дал наредба сите досиеја за украдени икони и вредни артефакти да се уништат како застарени случаи. На тој начин се уништила и значајна база на податоци, а се офајдиле оние што ги имале украдените предмети. Не може да украде секој икона што вреди од 200 до 300 000 евра, се знае кој може, вели Несторовски.

Најдобра инвестиција – да се купи вреден артефакт

Не постои богат човек кој не поседува некој вреден артефакт, тоа се најдобро вложени пари, цената може да оди само нагоре. Токму и затоа многу нелегални копања се нарачани од богати луѓе или од власта, од оние што треба да се борат против таквите дејства. Во 2006 година висок функционер на МВР организирал копање на Иса-Беговиот мост на Црна Река во потрага по турското злато. За ова не е поднесена кривична пријава, ни открива Несторовски. Прва поголема полициска акција беше изведена во 1997 година во која за прв пат беа вклучени поголем број на полицајци и вклучени прикриени агенти и тогаш сфативме дека имаме органиизран криминал и дека треба сериозно да се третира. Беа запленети 3670 предмети во Битола, Прилеп, Скопје, Валандово, Неготино.

При крајот на 70-тите години под притисок на медиумите и јавноста била спроведена акцијата „Зограф“ во која биле вратени украдените икони во Охрид од црквата „Св. Наум“. Бидејќи предметите биле барани преку Интерпол, полицијата се соочила со голем проблем – фотографиите од иконите биле во црно-бела техника, сликани во 1950-тите години. Во таков случај тешко се прави споредба, идентификацијата и пронаоѓањето е отежнато. За жал и ден-денес во документацијата се наоѓаат снимки во црно-бела техника. Свеста и знаењето, како и донесувањето на построги казни се одвивало со години. За поуспешно справување на овој вид на криминал во МВР се формираше Оддел составен од специјалци кои често се присутни во Управата за заштита на културно наследство, ни потенцираше археолог Данче Голубовска, од УЗКНРМ.

-Секако дека имавме многу случаи каде исчезнуваа предмети. Но тоа го решававме по брза постапка, вели Несторовски. Најчесто случаите ги решавале така што задолжените лица за предметите ги носеле на полиграм, или се договарале со нив да ги вратат предметите а да не им поднесат кривична пријава. Се случувало многу често да исчезнат предмети од Стоби, од Музејот во Гевгелија, но ги наоѓале и ги враќале.

-Често пати дивите копачи го започнувале копањето, откривале некој локалитет, и од нив дознавала полицијата. Следејќи ги дивите копачи полицијата доаѓала до значајни предмети. Така бил најден и шлемот ископан од гробница во Исар-Марвинци. Дивите копачи се физички работници и порано не ни знаеја за какви значајни предмети се работи. Но полека и тие учат, вели Несторовски. Луѓе кои не ја разбираат материјата дојдени по партиска линија

Законот за заштита на културно наследство донесен е во 2004 година предвидува задолжителна евиденција на недвижно и движно богатство. Донесени се многу правилници, операционализиран е во нормативна смисла во 2008 година, постои детално уредена материја, значи нема нејасно што треба да се прави, но и покрај тоа, новиот модел на евидентирање се уште не се применува.

Законот нема кој да го чита, а многумина и не го разбираат, бидејќи имаме многу случајни луѓе, дојдени по партиска линија, вели Јован Ристов од НУ Конзерваторски Центар – Скопје, поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство. За тоа што ни се случува, не треба вината да се фрла на друг, во самите куќи има „море “ на незавршени обврски, вели Јован Ристов. Секое „движење“ на предметите треба да се евидентира во влезна- излезна книга, книга на изложби… Неводење на таква евиденција е злоупотреба на службената должност, односно невршење на службена дилжност.

-Генерално кажано музеите имаат проблем со водење на евиденција па оттука не е исклучена можноста предметите да се во куќата а некој да пријавува дека тие се исчезнати, затоа што во пракса сме имале и такви случаи, вели Јован Ристов. Или пак, предметот легално да е излезен од куќата и да шета во странство на изложби, а да се нема евиденција за тоа, па некој да го пријави како исчезнат.

Сегашниот директор на Управата за заштита на културно наследство д-р Виктор Лилчиќ, го потенцираше фактот дека бројот на музеите во нашата земја се малку, „пет-шест, па и десет да се, тоа се малку институции, со малку луѓе“, вели Лилчиќ, а тие кои не може да одговорат на задолженијата што се бараат од нив.

Имаме приватни колекционери но што поседуваат и колку не се знае

Дали постои некаква евиденција на приватни колекционери не успеавме да дознаеме, бидејќи во Управата за заштита на културното наследство не можеа да се договорат кој е надлежен да даде информација за ова прашање, откако бев во Управата и посетив многу канцеларии.Ми беше речено да ги испратам прашањата на нивните контакт интернет адреси, за да по 2 дена добијам одговор дека ке ми биде одговорено во рок предвиден со Закон.

Исто така не можеше да се најде некој кој ќе одговореше со каква динамика ( и дали) се врши контрола по музеите во поглед на водење на влезни – излезни книги, книги на изложби, евиденција на предметите. Одговорите ќе ги објавиме во следното пишување. Според Законот се предвидува евиденција на приватни колекционери кои во нивните збирки имаат многу вредни предмети од националното богатство. Евиденцијата подразбира и евидентирање на вредните предмети на овие колекционери, слично како што е уредено и во други земји.

Нема реституција ако нема воспоставено заштита на тоа што го побарувате. Според некои прелиминарни обиди и истражувања од формирањето на македонската држава па се до 2004 година, според Јован Ристов од државата се изнесени околу 12.000 значајни предмети од националното богатство. Клучниот проблем е што државата го нема решено основното, азбуката, а тоа е идентификацијата, евиденцијата на она што го имаме, за во случај на кражба да се активираат механизмите на Интерпол, Европол и на другите служби. Ниту една меѓународна институција нема да се впушти во потрага ако државата нема документација, а нема да може ниту како држава да побара реституција – враќање на предметот.

Автор: Гордана Блажевска
Сторијата е поддржана од Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.