Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кражбите на „Пинк Пантер“ детализирани на филмско платно

0
By Влатко Чаловски on July 31, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 31, 2013 12:07


Меѓународната банда „Пинк Пантер“ веќе години наназад со кражбите кои светските медиуми ги опишуваат како „филмски“ и „спектакуларни“ и ги заземаат насловните страни, од оваа недела ќе го добијат своето место и на филмското платно – во Њујорк е закажана премиера на документарецот „Скрши и земи: Приказната за Пинк Пантер“.

Како што наведува „Њујорк Тајмс“, токму инсајдерските детали е она што ги издвојува најдобрите филмски трилери од просечните, а баш такви детали се документирани во филмот.

„Скенирајќи го српскиот круг на крадци, кој името го доби по инспекторот Клузо од филмот „Пинк Пантер“, овој филм на Хавана Маркинг практично им овозможува на групата врвни криминалци да ни пренесат увид во кражбите од највисоко ниво“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Нивните сведочења во полуаминираниот филм, зборуваат за подготовките за извршувањето на „работата“, кои не смеат да траат подолго од 30 секунди, како и периодот после кражбата – продажбата на украдената стока и константната параноја.

„Повеќето дијаманти завршуваат во САД, тие имаат човек кој за 24 часа ги изработува лажните сертификати и ја зема стоката…повеќето крадци се од Србија и Црна Гора, а сега работата ќе им оди потешко, бидејќи земјата се ближи кон ЕУ. Веќе нема да бидат заштитени од меѓунардоната полиција“, се зборува во филмот.

Во документарецот се гледаат снимки од сигуроносните системи кои прикажуваат директен увид во кражбите на „Пинк Пантер“, додека сведочењата на петте крадци кои Маркинг успеала да ги интервјуира, прикажани се преку анимирани ликови и гласови.

„Ние сме голема мрежа која работи заедно. Секој од нас има точно дефинирана задача и сите зависиме еден од друг“, сведочи еден од крадците.

Интерпол вели бандата брои повеќе од 200 члена, во главно од поранешните ЈУ простори и досега имаат однесено плен вреден пола милијарда евра.

„До крајот на филмот ќе ја добиете реалната слика на оваа банда. Тие не се претерано среќни луѓе кои уживаат во своите милиони“, вели режисерката која тврди дека „Пантерите“ со кои се сретнала се „депресеивни, осамени и параноични“.

„Скрши и земи“ е првично наменет за британската телевизија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.