Три награди и можност да започнат социјален бизнис овозможува конкурсот за поддршка на претприемачки идеи за студентите кои имаат потенцијал да се развијат и да понудат иновативни решенија за глобалните проблеми. На оваа тема во ПРОЦЕС зборуваат Марија Матовска координаторка на наградата за социјално претприемаштво од Младиинфо, Ирина Јаневска претседатлка на Здружението за социјални иновации „АРНО“ и Антонио Ѓорѓиевски учесник во проектот.