Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Крио сејв“ под истрага: Македонски граѓани бараат одговор каде се матичните клетки на нивните деца

0
By Менче Атанасова Точи on September 27, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници македонски граѓани кои имаат оставено на чување матични клетки во швајцарската банка „Крио сејв“ бараат одговор каде се наоѓа крвта од папочната врвка на нивните деца, откако на фирмата и е одземена лиценцата од тамошното Министерство за здравство, поради истрага за финансиски малверзации. Дел од семејствата со кои контактираше НОВА, тврдат не добиле никакво известување од компанијата и не знаат каде е генетскиот материјал од нивните деца, а некои добиле писма по е-меил дека матичните клетки им се префрлени во Варшава, Полска.

„ Не сме добиле никакво известување и не знам што с е случило со матичните клетки на моето дете кои ги доверивме на чување на „Крио сејв“.  Ниту сме информирани, ниту сме заштитени од фирмата која беше застапник за Македонија, каде што тогаш не убедуваа дека треба да оставиме матични клетки на чување.  И не само што не знаеме каде се, туку и кој може да ги користи бидејќи тоа е генетски материјал што може да биде злоупотребен“, изјави за НОВА, скопјанка која матичните клетки ги оставиле на чување во 2008 година, преку фирмата застапник во државата.

Друг граѓанин за НОВА потврди дека добил известување на е-меил од компанијата дека материјалите се префрлени во лабораторија во Варшава и дека наскоро ќе бидат контактирани за да ги ажурираат нивните податоци.

„Складирањето на матичните клетки од папочната врвца на вашето бебе остануваат под наша контрола и надзор“, стои меѓу другото во писмото кое го добиле по електронска пошта од фирмата. Ова семејство матични клетки од папочната врвца на своете бебе оставиле на чување во 2015 година.

Фирмата која беше застапник на „Крио сејв“ во Македонија не постои веќе три години. Но, од поранешни вработени во оваа фирма дознаваме дека граѓани постојано се јавуваат за да прашаат што е со матичните клетки кои ги оставиле на чување во наредните 20 години во фирмата. Тие велат дека не знаат колку вкупно македонски граѓани оставиле на чување матичните клетки  бидејќи со раскинување на договорот, тие веќе немаат достапност до нивната база на податоци.

„Семејствата потпишуваа договори и плаќаа директно во „Крио Сејв“, а сумата која ја плаќаа се движеше од 1750 до 2200 евра, во зависност од пакетот“, тврди поранешна вработена во фирмата која беше застапник, која не постои од пред 3  години.

Во изминатите 12-13 години, особено до 2016 година(до затвoрaњето на преставништвото) чувањето на матични клетки беше многу популарно. Неколку фирми застапници на различни банки на матични клетки, од кои најпопуларна и најдоверлива се чинеше дека е „Крио сејв“,  постојано се промовираа  јавно и буквално ги убедуваа граѓаните да ги остават на чување матичните клетки на нивните деца.

Породилиштата беа преплавени со лекари или агенти од овие фирми кои ги убедуваат родилките дека крвта од папочната врвка на нивните новороденчиња, ако ја остават на чување во банка на матични клетки, еден ден може да има затреба.  Родителите се убедуваа дека матичните клетки можат да помогнат во лекување на најтешки болести, особено на леукемија.

„Крио Сејв“ се декларираше како една од најголемите оперативни банки со матични клетки во Европа во која има зачувано повеќе од 330.000 примероци на крв од папочна врвца и ткива во текот на изминатите 20 години.

Сега откога пукна скандалот, на сајтот на групацијата Есперите пишува дека повеќе од 500 000 е-пораки по електронска пошта се испратени до клиентите во сите земји каде што има корисници, а на нивната веб стана и преку „Ројтерс“ е објавено мулти-јазично соопштение дека матичните клетки од крвта од папочна врвца се префрлени во фирмата „Фамикорд“ во Варшава и остануваат во сопственост на пациентот,  безбедно складирани под надзор на „Крио сејв“.

Паника меѓу граѓаните кои склучиле договори со швајцарската „Крио сејв“, настана и во Хрвтска и во Србија.

Српските медиуми известуваат за скандалот и објавуваат стории со родители кои плаќале илјадници евра за чување на матичните клетки за кои сега не знаат каде се и како да ги најдат ако им затребаат.

Фирмата „Крио сејв“првпат западнала во финансиски проблеми во 2017 година кога и биле блокирани сметките, но наводно ги надминала проблемите, а семејствата продолжиле да и ја даваат довербата и да ги оставаат матичните клетки на криопрезервација. Според најновите сознанија фирмата е купена од полската фирма „Фамикорд“.

Во Македонија првпат „Крио сејв“, преку фирма застапник се појави некаде во 2007 или 2008 година, а на родителите кои склучуваа договори им беше кажано дека матичните клетки на нивните деца се чуваат во банката во Нил во близина на Брисел, односно дека се двојно заштитени и од швајцарската и од белгиската банка.

Подоцна, во 2016 година банката на матични клетки од Белгија се префрла во Швајцарија, се до финансискиот колапс од пред неколку дена, кога полицијата влезе во домовите на челните луѓе поради истрага за финансиски малверзации.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.