Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е критикуван за „расистичка навреда“ кон Ерменците, откако во едно интервју изјави дека е „грозно“ да бидеш наречен Ерменец.
Во интервју за турската телевизија НТВ, Ердоган се пожалил дека опозицијата води против него „оцрнувачка кампања“ тврдејќи дека тој нема турско потекло.
„Тие ме нарекоа Грузиец. Простете за ова што го зборувам, но тие рекоа дури и погрда работa. Ме нарекоа Ерменец“, рече Ердоган.
Неговиот коментар доаѓа само неколку дена пред претседателските избори на 10 август, на кои Ердоган се очекува да победи. Коментарот го привлече гневот во медиумите, додека опозициски пратеник поднесе тужба против Ердоган, обвинувајќи го за поттикнување расна омраза.
Опозицијата забележува дека оваа најнова навреда, овој пат кон Еременците, само потврдува дека актуелниот премиер за претседателските избори игра на „етничката и религизоната карта“ настојувајќи да ја обезбеди целосната подршка на своите сунитски приврзеници.
Во Турција живеат околу 70 илјади Ерменци, главно во Истанбул и тие за себе тврдат дека се третирани како граѓани од „втор ред“.