Специјалното јавно обвинителство денеска го добило решението од Основниот суд Скопје 1 со кое им се одбива барањето за замрзнување на имотот во случајот „Триста“, објави Плусинфо. СЈО бараше забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот, сопственост на осомничен помошник на министерот за внатрешни работи.
Предметот „Триста“ СЈО беше објавен на прес конференција на 23 март. Според СЈО, имало злоупотреба на службената положба на помошник министер во МВР при набавка на 300 возила за полицијата, а со таквата злоупотреба Буџетот на Македонија бил оштетен за 453.570 евра.