Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, против обвинетиот Васил Јованов од Скопје, кој, исто така, е осомничен за сообраќајната несреќа во која завчера животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.
Како што стои во пресудата, по одржаната главна расправа, која започнала на 24 јули 2024 година и завршила на 31 јули 2024 година, судот во состав на судијата Даниела Алексовска-Стојановска и судиите поротници Весна Цветкоска и Милисав Таневски, го прогласиле обвинетиот за виновен и му изрекле воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом.
Јованов претходно бил пријавуван и за друга сообраќајна незгода од 4 ноември 2022 година, во која едно лице се здобило со полесни повреди.