Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен: ОЈО предлага мерки за обезбедување присуство, Судот одлучува дали има услови

0
By Нова ТВ on February 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 27, 2019 15:28

Неприфатливи се изјавите дека Судот ќе биде одговорен за одолговлекување на постапката, дотолку повеќе што Судот не може своеволно и спротивно на законот да определува било какви мерки за обезбедување доколку за тоа не се создадени услови, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд во врска со недонесувањето на одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници во Собранието, за кои, Јавното обвинителство достави предлози за определување мерка притвор, поради пробиен рок за одлучување.

-Доколку Обвинителството поднесе нов предлог поради нови или изменети околности, Судот веднаш ќе се обрати до Собранието и доколку навремено се добие одлука од Собранието, веднаш ќе постапи, истакнуваат од Судот.

Во соопштението е наведено дека од Собранието на Република Северна Македонија до Основниот суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден доставило известување дека не донеле одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници за кои ЈО достави предлози за определување мерка притвор, поради пробиен рок за одлучување.

-Известувањето од страна на надлежниот судија на претходна постапка во текот на денешниот ден ќе биде доставено до Обвинителството. Имајќи го предвид  известувањето и одредбите од ЗКП, судот не може да постапува по предлогот за определување на мерката притвор без претходно позитивно произнесување на Собранието во однос на имунитетот, се наведува во соопштението.

Во врска со наводите на претседателот на Собранието дека „Судот ќе биде одговорен за евентуално бегство на осомничените и дека Судот треба да обезбеди присуство на сите осомничени и обвинети во постапката“, од Кривичниот суд појаснуваат дека во нашата држава се применува акузаторен систем на кривично гонење според кој Обвинителството е овластен предлагач на мерките за обезбедување присуство, а Судот одлучува доколку за тоа се создадени услови, што за овој случај услов би бил одземен имунитет.

-Впрочем, како што  јавноста беше известена, и во однос на првиот предмет од 01.02.2019 година,така и во вториот предмет од 20.02.2019 година кога се доставени предлози за определување мерки притвор за Љ.Д. и Т.В., кои се повикуваат на пратенички имунитет, Судот веднаш се обрати до Собранието со барање за произнесување околу нивниот имунитет, се наведува во соопштението.

Од Кривичниот суд велат дека сме сведоци за првпат Собранието, кое е надлежно да одлучува за имунитетот во законски утврден рок, да не донесе одлуки, а со тоа да го оневозможи Судот да одлучува за мерката притвор на пратениците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг рече дека одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, одговарајќи на изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која претходно укажа дека одговорноста за евентуалното бегство ќе биде кај пратениците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.