Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд: Раководител во Судот го нападнал портпаролот

2
By Нова ТВ on November 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 15, 2016 21:26

Од Основниот суд Скопје еден вечерва со соопштение информираа дека во просториите на судот раководителот на одделот за човечки ресурси Г.С. физички нападнал еден од портпаролите П.К. во присуство на судија од одделот за претходна постапка С.Ј..

Како што наведуваат од Судот, Г.С. прво вербално и се заканил на П.К., а потоа ја турнал од столчето и ја напуштил просторијата. Нападнатата веднаш телефонски го пријавила настанот во МВР при што интервенирала полицијата и случајот е документиран и преземен од инспекторите за насилен криминал при МВР.

Нападнатата поднела кривична пријава за нападот според член 144 ст. 3 „Загрозување на сигурноста“, која понатаму треба да се процесуира од надлежните органи.

Во врска со настанот и од страна на судската управа ке бидат преземени соодветни мерки, се  вели во соопштението од Кривичниот суд Скопје, притоа се демантираат како што се наведува “ тенденциозните шпекулации дека во судот имало физички напад при кој имало превртување на бироа и уништување на инвентарот, а во кој настан бил вклучен и претседателот на судот“.

Фото Фокус
Фото Фокус

Претходно во текот на денот, повеќе медиуми објавија дека петнаесетмина судии од Основниот суд Скопје 1 упатиле известување до Судскиот совет до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија со кое бараат против претседателот на судот Владимир Панчевски да бидат преземени соодветни мерки поради негово постапување „имајќи ја предвид должноста на претседателот на судот да внимава да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста“.

Тие потсетуваат дека Панчевски на веб страницата на Основниот суд Скопје 1 , но и во медиумите јавно објави дека поднесува кривина пријава против судијата Иван Џолев. Тоа е спротивно на член 97 став 3 од Законот за судовите поради што Панчевски треба да сноси одговорност, велат неговите колеги кои се одважија да се потпишат на известувањето до Судскиот совет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.