Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд: Судиите имаат право да поднесат приговор за распоредот

0
By Нова ТВ on March 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

При подготвувањето на новиот распоред на судиите од Кривичен суд, биле земени в предвид мислењата кои судиите сами ги кажале на седница која се одржала на 17 овој месец, соопштија од Кривичниот суд.

„При подготвувањето на распоредот се имаше во вид состојбата со движењето на предметите од сите области, заостатокот во одредени области и потребата од итност во постапувањето по некои видови предмети утврдена со законските рокови. Исто така, се имаше во вид и оптовареноста на секој судија поединечно со предмети како и досегашните забелешки и мислења од повисоките судски инстанци во врска со работата на судот“, пишува во соопштението на судот.

Како што информираат од Основниот суд Скопје 1, распоредот во писмена форма е доставен до секој судија кој може да достави приговор за неговото распоредување до Врховниот суд на РМ.

Новиот распоред на судиите во Кривичниот суд, вчера предизвика бурни реакции во јавноста. Стојанче Рибарев, новиот претседател судот, го стави поранешниот претседател Владимир Панчевски за шеф на целиот оддел за организиран криминал, претходна постапка, судења, а ќе го води и кривичниот совет, објави „Сведок“.

Предмети по новиот Закон за кривична постапка ќе судат, судиите Моника Бахчовановска, Софија Лаличиќ, Џанета Бектовиќ, Билјана Коцевска, Верка Костова Спасеска, Милка Васовска Ангеловска, Марин Станески, Весна Петровска Тагасовска, Даниела Алексоска , Душан Јосифов, Дијана Груевска Илиевска и Љубинка Башевска.

Според распоредот на Рибарев, негов заменик ќе биде судијката Славјанка Јанкоска, која има уште три месеци до пензионирање и во исто време, ќе биде шефица на одделот претходна постапка. Јанкоска јавноста ја памети по донесеното решение дека прислушуваните разговори не се доказ.

Кривичен суд распоред Стојанче Рибарев судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.