Одделението за внатрешни работи од Кочани до тамошното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради кривично дело „лихварство“.
С.И. во октомври 2018 година на жена од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг. Таа, злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребите на нејзината сограѓанка, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година и зела 33.000 денари и предмети во вредност од 20.700 денари. Односно, лихварката на својата жртвата за заем од 50 евра ѝ вратила 53.700 денари.