СВР Скопје поднесе кривична пријава за запуштање и малтретирање на малолетно лице за мајката на претепаното 14 месечно бебе кое пред помалку од еден месец беше примено на КАРИЛ со тешки повреди на мозокот, скршеница на черепот и на нозете, објави тв 24.
„Пријавената во периодот од 15 јуни до 6 јули во повеќе наврати на локации каде што престојувала го оставала без надзор и грижа своето едногодишно дете М. Д. и тоа се здобило со тешки телесни повреди“- велат од МВР.
Кривичната пријава е поднесена до Јавното обвинителство и деновиве ќе се знае како ќе се постапува понатаму. На бебето минатата недела му беше извршена операцијата на мозок, поради крварење во мозокот. Во моментот бебето е во стабилна здравствена состојба, а за него се грижи старател кој го назначија социјалните служби. Мајката и роднините имаат забрана за контакт со бебето.