Министерството за внатрешни работи денеска ќе поднесе кривична пријава против лидерот на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски и уште едно лице со иницијали А.Т. за сторено кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“.
Како што појаснуваат од МВР двајцата организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“со што направиле кривично дело .
– По дознавање на намерата за организирање на мирни и ненесили протести пред Уставниот Суд на РМ од страна на Платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. на 14.03,2016 година во вечерните часови одржале прес конференција на која што пред претставниците на медиумите најавиле организирање на протест пред платото на Уставниот суд со цел заштита на функционирањето на Уставниот суд на РМ.
На 15.03.2016 второ пријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до МВР на РМ-СВР-Скопје највил дека на 15.03.2016 година во 18.00ч ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд на РМ не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир.
На 15.03.2016 година во утринските часови по инструкции на првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. започнале да се собираат граѓани пред платото на Уставниот суд ,и започнале со монтирање на бина и тенди-чадори со што насилно го узурпирале просторот на кој претходно уредно пријавениот собир требало да се одржи во организација на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“. Со погоре споменатите дејствија првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. сториле кривично дело „Спречување или смеќавање на јавен собир“, предвидено и казниво по чл.155 од КЗ на РМ., се вели во соопштението на МВР.
Откако приврзаниците на Јакимовски вчера поставија шатори пред Уставниот суд, полицијата на активистите од АЈДЕ не им дозволи да се приближат до судот за да не дојде до граѓански судир. По неколку часовен марш и одржани говори пред МНТ, активистите на АЈДЕ се разотидоја, додека контрадемонстрантите во смени, ноќта ја поминаа пред Уставниот суд.




