Секторот за внатрешни работи Скопје денеска поднесе кривична пријава против С.Х. кој пред неколку недели со секира ладнокрвно го уби маалскиот миленик – кучето Идриз во центарот на градот пред кафуле полно со луѓе.
Кривичната пријава е поднесена за кривично дело „мачење на животни“
„На 29.04.2017 година во 18.30 часот на улица „Пиринска“ во близина на угостителски објект С.Х. од дворот на семејниот дом земал мала секира и метална шипка излегол надвор и откако го забележал, му се доближил на кучето и му задал еден удар со секира и повеќе удари со метална пречка во пределот на главата и од ударите го повредил кучето, го изложил на непотребни маки и нанесени болки кои резултирале со последица смрт“, пишува во билтенот на МВР.